Почетна » Новости » Актуелно » „Жртвата никогаш не е виновна“, „Одговорност сега“: Протестен марш за поддршка на жртвите на криминалната група „Јавна соба“

„Жртвата никогаш не е виновна“, „Одговорност сега“: Протестен марш за поддршка на жртвите на криминалната група „Јавна соба“

„Против култура на насилство“, „НЕ значи НЕ“, „Жртвата никогаш не е виновна“, „Одговорност сега“, „Согласност е да прашаш секој пат“, „Не е согласност ако натераш некој да каже ДА“, „Имам право на заштита на лични податоци“, „Ако не ги казнувате силувачите, вие сте силувачот!“... тоа се само дел од пораките кои гласно беа потенцирани на протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.

Движејќи се од Министерство за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство, учесниците во протестот го ставија во фокусот непостапувањето на овие две институции.

Протест Протест Протест Протест Протест

„Ти не си виновна“ се повторуваше на денешниот марш, организиран од Платформата за родова еднаквост, а инициран со повеќе барања:

Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.

Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сè уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.

Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.

Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.

Неколку приведени членови и санирање на штети нема да нè замолчат. Будно ги следиме институциите и бараме сеопфатни решенија за превенција на родово базирано насилство.

Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно.

Не смееме да дозволиме одржување на состојба во која жртвите се множат, а институциите молчат и потфрлуваат во извршувањето на својата функција, бидејќи држава која не постапува, е држава која силува!

Ана, девојката која смело проговори откако нејзина фотографија и лични податоци беа злоупотребени во „Јавна соба“, одржа краток говор:

Протест

„Мојот глас беше гласот на сите оние девојки коишто го проживеале истото, дали оваа година, дали минатата година, дали пред десет години, или во иднина ќе го преживуваат. Мојот глас беше гласот на сите оние девојки коишто страдале, трпеле досега, или можеби во иднина ќе трпат. Мислам дека беше доволно молк. Мислам дека е време да се освестиме сите, да се разбудиме каде живееме, кого имаме до нас и какви работи поддржуваме, а какви работи не поддржуваме. Мислам дека е веќе доста да молчиме и да дозволуваме да бидеме газени, да се криеме, да чекаме туѓиот срам да помине за ние да може да продолжиме со нормалниот живот.“

„Нека се донесе Закон, но и тој Закон да се применува. Нека се едуцираат институциите, нека се едуцира секој човек како треба да се однесува за да може да имаме поубаво и посреќно општество и за нас, но и за идните генерации коишто доаѓаат. Тоа е сè што имам да кажам.“

Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест Протест

Скандалот наречен „Јавна соба“ годинава по вторпат ја разбранува македонската јавност откако стана јасно дека илјадници лица споделуваа експлицитни фотографии од девојки и злоупотребуваа фотографии од профили на социјални мрежи, како и лични податоци. Телеграм ја затвори контроверзната група, а четири лица беа приведени, но се стравува дека постојат повеќе слични групи кои и понатаму се активни.

Како резултат на сè погласните барања за законска заштита, Министерството за правда воведува ново кривично дело „демнење“.

„Демнење“ – дефинирање и казна

Тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг, или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Фото: Филип Вирановски / Фемина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11201 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.