Почетна » Новости » Актуелно » Вистински херој: 20-годишно момче од Грција си го ризикуваше животот за да спаси 10 патници од судрените возови

Вистински херој: 20-годишно момче од Грција си го ризикуваше животот за да спаси 10 патници од судрените возови

Докторка од Универзитетската болница во Лариса раскажа за момче-херој кој спаси 10 животи по судирот на возови во кој загинаа најмалку 47 лица.

Ери Цијастуди на Facebook сподели фотографија со 20-годишниот Андреас Аликаниотис, кој наместо веднаш да го напушти вагонот по несреќата, остана да им помогне на другите патници. Според Ери, студентот го скршил стаклото и им помогнал на најмалку 10 патници да излезат од него.

Андреас Аликаниотис

Еве ја нејзината објава:

Иако небото беше исполнето со ангели денес, ние имавме среќа што имавме земски ангел меѓу нас, 20-годишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон. Тој е херој затоа што си го ризикуваше својот живот. И покрај големиот пожар покрај него, тој не го напушти вагонот, туку успеа да го скрши стаклото и да спаси најмалку уште 10 деца, момчиња и девојчиња.

Во денешниот мрачен ден, Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал. Честитки убав мој Андреас, честитки за родителите што те воспитале!

До несреќата дојде во вторникот вечерта, кога два воза се движеле на иста пруга во различни правци. Се смета дека „најлошата несреќа со возови во Грција досега“ е резултат на човечка грешка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.