Почетна » Новости » Актуелно » Видеа од разорниот земјотрес во Хрватска и тажни фотографии од последиците

Видеа од разорниот земјотрес во Хрватска и тажни фотографии од последиците

Паника, лелекања, страв и натчовечки напори да се спасат затрупаните лица владеат во Петриња по потресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер.

Додека хрватските граѓани се опоравуваа по шокот од послабите вчерашни земјотреси, малиот хрватски град Петриња најсилно беше погоден од страотен потрес, кој освен што предизвика сериозна материјална штета, одзеде најмалку 7 животи. Најмладата жртва има само 13 години.

„Мојот град е разрушен потполно. Имаме мртви деца. Тоа не може да се опише. Ова е како Хирошима. Ни требаат пожарникари, не знаеме што има под површината, на еден автомобил падна цел кров, ни треба помош“ – порача градоначалникот Думбовиќ непосредно по разорниот земјотрес.

Sky News објави видео од спасувањето на татко и син од затрупан автомобил:

Видеа од моментот на земјотресот:

Тлото сè уште се тресе додека спасувачките екипи пребаруваат низ урнатините. Многумина доброволно се упатија кон епицентарот за да помогнат, а на социјалните мрежи се шират понуди за бесплатно сместување на лицата кои останаа без покрив на главата или живеат во ризични објекти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11605 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.