• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

8 мај 2024, 16:31
  • cподели

На 15 мај, по повод одбележувањето на Светскиот ден на семејството, БИМИЛК е домаќин на ексклузивен настан посветен на нејзините вработени-родители на деца до 12 годишна возраст, како и за психолозите, педагозите и дефектолозите во битолските предучилишни и училишни установи.

Бимилк

Настанот, кој ќе се одржи во дворот на БИМИЛК, ќе биде еднодневен семинар предводен од д-р Ранко Рајовиќ, познат експерт за детски развој и основач на системот за учење „NTC“ (Никола Тесла Центар). Експертизата на д-р Рајовиќ за стимулирање на интелектуалните способности на децата му донесе признание низ целиот регион, а неговите сознанија за методите на воспитување се непроценливи.

„Среќни сме што ќе бидеме домаќини на д-р Ранко Рајовиќ за оваа посебна пригода. Како компанија посветена на благосостојбата и иднината на нашата заедница, ја препознаваме важноста од поддршката на родителите и воспитувачите во нивните напори да ја негуваат следната генерација. Сметаме дека инвестирањето во образованието и развојот на нашите деца е клучно за градење посветла иднина. Со здружување на родителите и воспитувачите, се надеваме дека ќе поттикнеме соработка и споделување знаење за доброто на нашата заедница“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во БИМИЛК.

Семинарот ќе опфати низа теми, вклучувајќи развој на мозокот, рана стимулација, креативно учење, логично размислување и практична примена на методологијата NTC. Учесниците ќе имаат можност да стекнат вредни сознанија, да разменуваат идеи и да се вмрежат.

Бимилк како општествено одговорна компанија, ја зема предвид и улогата во едукацијата и развојот на вработените и младите, во пренесување на знаење и вредности и на тој начин активно учествува во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина. Ова е дел од проектите кои Бимилк ги создава под платформата „Растеме заедно“ и континуирано ќе продолжи да едуцира за подобра иднина на младите.

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.