Почетна » Новости » Актуелно » 2.000 новозаразени и 35 смртни случаи од коронавирус

2.000 новозаразени и 35 смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.779 тестирања, а има 2.000 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 1.096
  • Битола – 123
  • Кавадарци – 108
  • Куманово – 96
  • Тетово – 75
  • Прилеп – 60
  • Велес – 58
  • Гевгелија – 39
  • Струмица – 38
  • Гостивар – 36
  • Охрид – 30
  • Струга – 26
  • Валандово – 25
  • Неготино – 24
  • Кичево – 23
  • Делчево – 20
  • Ресен и Радовиш – по 19
  • Кочани – 13
  • Крива Паланка – 12
  • Штип – 8
  • Свети Николе и Демир Хисар – по 7
  • Дебар и Богданци – по 6
  • Виница и Кратово – по 5
  • Македонска Каменица – 4
  • Берово и Демир Капија – по 3
  • Крушево и Македонски Брод – по 2
  • Пробиштип и Пехчево – по 1

Од вкупниот број на позитивни (2.000), регистрирани се 267 реинфекции.

ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 6 од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 од Свети Николе (59г и 62г) и по едно од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Скопје (3), Кавадарци (2), Струга (2), Дебар(1), Свети Николе (1), Радовиш (1), Штип (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 61г до 89г. Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 24.12.2021 -30.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=35), 13 лица се целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 806 оздравени пациенти од:

  • Кавадарци – 181
  • Куманово – 127
  • Велес – 114
  • Гевгелија – 83
  • Неготино – 61
  • Скопје – 58
  • Кочани, Штип и Свети Николе – по 27
  • Богданци – 23
  • Виница – 16
  • Радовиш – 14
  • Делчево – 10
  • Демир Капија – 9
  • Берово – 7
  • Пехчево – 4
  • Тетово, Струмица, Македонска Каменица и Дојран – по 3
  • Охрид и Крива Паланка – по 2
  • Кратово и Пробиштип – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 270.897, бројот на оздравени пациенти е 247.670, на починати е 8.444, а бројот на активни случаи изнесува 14.783.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.