Почетна » Новости » Актуелно » 164 новозаразени, 74 оздравени и 5 починати од коронавирус кај нас

164 новозаразени, 74 оздравени и 5 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие направени се 1.612 тестирања, а се потврдени 164 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 59
  • Куманово – 12
  • Дебар – 18
  • Штип – 17
  • Прилеп – 1
  • Тетово – 6
  • Струга – 6
  • Битола – 1
  • Кавадарци – 2
  • Гостивар – 9
  • Пробиштип – 2
  • Демир Хисар – 1
  • Свети Николе – 23
  • Кичево – 6
  • Ресен – 1
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.