Почетна » Колумни » Чисто пријателски » Митот за „емоционално недостапниот“ маж

Митот за „емоционално недостапниот“ маж

Мојата омилена урбана легенда за прераскажување на кафе-муабет е како девојката е глорифицирана статуа на правдата, а дечкото е незрелиот идиот којшто не го прави тоа што она го запишала во агендата. Воедно оваа терапија е едно од најопасните оружја, ако не и најдеструктивното, во арсеналот за тешење на најдобрата другарка – инстантно ви се појавува во глава репликата: „Он не е доволно добар за тебе, емоционално е незрел и недостапен, не може да се отвори, страв му е“. Искрено, и мене би ми било, да ме напнуваа константно. И не, не ги бранам моите машки пријатели, туку барам изговор за пријателките.

Ладен маж

Нејсе, стравот за којшто се зборува се должи на тоа да биде во врска, да покаже дека има емоции за тебе и да се отвори многу зашто ќе можеш да го повредиш. Со ризик да звучам како плагијатор на „He’s Just Not That Into You“, горенаведените полемики се само тоа, слатко спакувани лаги со плацебо ефект за егото. Убаво звучат и го потиснуваат чувството на нелагодност и разочараност поврзано со дотичниот, но, не се вистина.

Дозволете ми да објаснам, пластично и без примери. Со огромниот респект кој го имам кон спротивниот пол и бројните секојдневни трагикомедии кои го прават мојот живот позабавен, она на што секогаш завршува, на пијано или трезно, е дека ако некоја девојка им се допаѓа доволно на припадниците на „посилниот“ пол, тогаш сакаат да бидат со неа. Нема некоја голема филозофија, тајни кодови или измешани сигнали, напротив, едноставно е, она за него вреди доволно за да поминува време со неа, да ѝ посвети внимание, дури и по игра на среќа, да ја изгребе точната грепка, да ги погоди бројките и да се заљуби во неа.

Колку и да е Џејмс Дин wannabe, Бетмен, Супермен, Дедо Мраз или некој друг лик изваден од Кум, нема да избега од она што сака. Теоријата „Не е до мене, туку до него“, затоа што сè уште не го стекнал (почесто, го изгубил) капацитетот да сака, не е точна, зашто е спротивна на природата на човекот, т.е. да му биде убаво. Ова не важи само за мажите, има премногу жени со истиот синдром, и кај нас обично е последица на некој од наведените супер херои.

Крајно, дури и да не е мит, туку реална фактична состојба, не го менува фактот дека ќе се појави девојка којашто магично ќе ја излекува таа негова состојба. Но сега, кога е битно, таа девојка не си ти, јас, туку некоја сосема нова. Суштината е во препознавањето. Не во тоа дека не е доволно добар за тебе, туку колку е добар по тебе.

На прекрасна девојка не ѝ треба утеха за „емоционално недостапниот“ дечко, туку нов пар штикли, феноменална забава и добра книга, по можност и новиот филм со Роберт Дауни Џуниор. Ако он не може да чувствува, тоа не значи дека не треба и ти.

Автор: Виолета Бојковска
Авторката е девојка што станува сабајле во 7. Или во 1 попладне. Таа е една фина, нежна романтична душа што бара Љубов. Или некој на којшто ќе му го искине срцето. Секогаш пожртвувана другарка што ги цени блиските. Или ултра хедонист без обѕир за никој. Се радува на убавините на светот. Или се привикнува на монотонијата на животот. Не ѝ замерувајте, Близнаци е во хороскоп.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.