Почетна » Колумни » Чисто пријателски » Избор, избор, избор

Избор, избор, избор

Зарем не е „прекрасно“ да се живее во општество преплавено со дезинформации, малечки кутии замотани во светликава хартија и розови панделки претставени како најдоброто нешто кое што некогаш сте го виделе? Од предизборните кампањи до тематските единици на Правен, Економски или Филозофски факултет, зарем не е воодушевувачки фасцинантно да се живее во убедувањето дека сè е демократија во која што идеологијата за Голи Оток е одамна заборавена и сите имаат слобода на говор?

Индивидуа

Да, ужасно е тешко да се остане слеп при очи додека општеството тоне во декаденција, а индивидуалецот се обидува да се спаси од неа, изџвакан и измелен од Орвеловска машинерија. (Не можам да си помогнам, 1984 ми е сепак омилената книга.) Додека, на крајот од денот, единственото битно прашање коешто останува да се постави е зошто не се бориме, зошто се конформираме со тоа дека нема опционалност, дека нема хуманизација на иднината?

Затоа што борбата е лична, кај секој за она што го мотивира и воздигнува, му ја дава причината „зошто“ да се разбуди наредниот ден. Општествените текови не би постоеле, без силата којашто ја носи поединецот, која се црпи од тоа да ти се допадне она што го гледаш во огледало.

Американизацијата од друга страна, почнува да дише од секоја пора на нашето суштествување, себепрокламираните неконформисти се насочуваат само кон говорење, без било каков обид за практична работа, квази-интелектуалците се продаваат на секој чекор како индекси на Бит-пазар, скриени фигури грабаат свесност од колективната маса маскирани во големи компании кои се расфрлаат со квалитет како олигарсите што се впуштаат во медиумска менаџерска работа. Животот на обичниот човек е целосно модифициран од правилата диктирани преку весниците за политика, економија, мода и дизајн, дури и кулинарските рецепти ја губат вредноста ако не добијат фенси име за да привлечат доволно внимание. Пазете на вашите ќерки вели Dove, додека ги сече Амазонските шуми за да го исцеди маслото што се користи за регенирирање на вашите испукани и оштетени врвови.

Преживувањето во средина чие второ име може да биде „правен вакум, празнина“ коешто се крие зад проекцијата на либерализам е само уште еден проблем за вртењето кон имагинарни решенија накитени со рози кои се постилаат пред нозете на народната маса, но трикот е во тоа што не се гледаат трњата. Американизација или смрт, си давам за слобода да го модифицирам слоганот, затоа што ако не се поклониме на модата, небитно колку е различно нашето размислување или колку се смениле нашите ставови, кога вистински сме ги запознале работите од другата страна на ѕидот, ние сме неприфатливи.

А јас барем, љубам балет и опера исто како што понекогаш сакам да слушам рап и метал музика, сакам да играм видео игрици и да пијам текила на шанк со другарките во Миднајт и како и сите останати, сакам комплетно контрадикторни и спротивни работи, како чипс и чоколадо од карамела во исто време.

Ако не се позитивираме, тогаш заслужуваме смрт, не!

Она што го имаме, единственото што ни останува е да останеме доследни на индивидуата, без нечија туѓа и наметната натурализација, без летаргија и владики кои ги обвинуваат жените за сите проблеми, магистри од Кембриџ кои не се доволно добри за позиција на факултет. Нема да има никој од нас избор ако сам не ја создаде опцијата, тука и сега, нема повеќе бегање, ова е округла соба со 4 агли, а без врата. Иднината е сегашност за нас, ако сакаме воопшто да ја имаме. Каде и да е тоа, уметност или политика.

P.S. Расположението од колумната е последица на премногу вести во изминатата седмица.

Автор: Виолета Бојковска
Авторката е девојка што станува сабајле во 7. Или во 1 попладне. Таа е една фина, нежна романтична душа што бара Љубов. Или некој на којшто ќе му го искине срцето. Секогаш пожртвувана другарка што ги цени блиските. Или ултра хедонист без обѕир за никој. Се радува на убавините на светот. Или се привикнува на монотонијата на животот. Не ѝ замерувајте, Близнаци е во хороскоп.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.