Почетна » Кариера » На работното место » Повторно на работа по празниците

Повторно на работа по празниците

Новогодишните и божиќните празници се омилен период од годината, поради тоа што никој не мисли на работата и сите можат да се опуштат и да поминат забавни мигови со своите најблиски.

Но, сега празничната атмосфера веќе стивнува и сите исцрпени се обидуваат да се вратат во нормалниот живот. Токму затоа овој период носи многу стрес и депресивно расположение.

Со враќањето на работното место по празниците повеќето луѓе се чувствуваат бавни, мрзеливи и неинспирирани. Обилното јадење и пиење, забавите и подолгото спиење ги рушат работните навики и поради тоа е потребно да помине малку време пред луѓето да се вратат во колосек.

Бизнис женаВраќањето на работното место по празниците носи многу стрес и може да доведе до депресивно расположение.

Ако и вам ви е тешко да се концентрирате, еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се вклопите во работната атмосфера.

  1. Започнете го денот со позитивно расположение. Не гледајте на овој ден како на крајот на вашиот одмор. Гледајте на овој период како почеток на уште една ваша успешна година.
  2. Поздравете ги колегите и накратко разговарајте. Со насмевка на лицето поздравете ги вашите колеги и честитајте им ги празниците. Издвојте си малку време да поразговарате кој, како и каде ги прославил празниците. Тоа ќе ви помогне да ги извадите од мислите празничните денови и да можете подобро да се концентрирате на работните задачи.
  3. Направете си список на задачите. Одделете си 5 минути и составете список со обврските и задачите кои треба да ги завршите. Така подобро ќе ги организирате своите мисли и ќе бидете пофокусирани.
  4. Консултирајте се со колегите и шефот. Пред да се фрлите на работа, многу е важно да бидете во тек со последните случувања во фирмата и да го дознаете приоритетот на работите кои се очекува да ги завршите.
  5. Започнете со малите задачи. Најтежок е почетокот. Не брзајте веднаш да се зафаќате со големи проекти. Ако наеднаш се преработите, ќе се чувствувате исцрпени и ќе се намали вашата продуктивност. Започнете со малите задачи. Откако ќе ги завршите, ќе бидете помотивирани за да го засилите темпото.
  6. Отстранете ги пречките. Елиминирајте ги сите нешта кои непотребно ви го привлекуваат вниманието. Најголема пречка во работата може да биде интернетот. Заборавете за социјалните мрежи и обидете се целосно да ѝ се посветите на работните обврски.
  7. Мислете колку ви е важна работата. Парите се сметаат за најголем мотиватор, па ако сè ви дојде преку глава, помислете дека парите ви се потребни за да можете да уживате во животот. Дури и ако не си ја сакате работата, многу е важно да си повторувате дека таа придонесува за вашиот развој и за вашата финансиска стабилност.
  8. Не работете до доцна. Во никој случај не треба да очекувате дека можете сè да завршите во еден ден. Првиот ден по празниците не работете до доцна. Стресот од помислата дека работите дополнително ќе ви одземе дел од енергијата. Тоа може да ви ја намали продуктивноста во наредните денови.

Првите неколку работни денови дајте си време да се адаптирате. Не бидете разочарани ако не успевате да бидете ефективни како што сте биле пред празниците. Мотивацијата и енергијата набрзо ќе ви се вратат и ќе бидете подготвени да продолжите да напредувате во вашата кариера.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.