Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Најголеми непријатели на белите здрави заби

Најголеми непријатели на белите здрави заби

Насмевката го краси лицето. Колку повеќе се насмевнувате, толку повеќе луѓе привлекувате, затоа што насмевката е знак на дружељубивост и знак на добро расположение.

Но, многу луѓе се обидуваат да ја избегнат „големата“ насмевка со цел да ги прикријат забите. Чест проблем поради кој луѓето се срамат од своите заби е обојувањето или пожолтувањето. Обојувањето на забите може да биде надворешно – на надворешниот слој на забот и внатрешно – потемнување или пожолтување на внатрешниот дел на забот. Најчесто се појавува надворешното обојување.

Убави бели забиИзбегнувајте кафе, чај, вино и газирани сокови за да ги зачувате забите бели и здрави.

Еве кои се најголемите предизвикувачи на обојувањето на забите:

  1. Чај. Исто како и виното, црниот чај е богат со танин што го поттикнува обојувањето на забите. Повеќето стоматолози се сложуваат дека тој е поголем „обојувач“ на забите од кафето. За да го ублажите овој ефект, консумирајте го чајот на средна температура – ниту да е премногу жежок, ниту премногу ладен. Зелениот чај и посветлите чаеви се подобри за белите заби.
  2. Кафе. Наутро нема ништо поубаво од утринско кафе. Иако сите знаеме дека кафето влијае негативно на белите заби, сепак тешко би се откажале од него само поради оваа причина. За да го минимизирате ефектот на кафето, користете сламка за да го пиете и ставајте повеќе млеко. Веднаш по консумацијата, ако сте во можност – измијте ги забите, ако немате услови – искористете гума за џвакање.
  3. Вино. Сите знаат дека црвеното вино не е голем пријател на белите заби. Но, најновите истражувања покажуваат дека треба да го избегнувате и белото вино за да ги зачувате забите бели. Доколку пиете бело вино, потоа заборавете на кафето или чајот. По изложеноста на забите на бело вино, тие се посклони кон обојување.
  4. Газирани пијалоци. Темно обоените газирани пијалоци (кола) предизвикуваат видливо обојување на забите. Но, не се чувствувајте заштитени ни кога консумирате газирани пијалоци со посветла боја. Ако не сакате да се откажете од нив, користете сламка за да го намалите обојувањето.
  5. Сосови. Темните сосови како сосот од соја, кари или домати предизвикуваат обојување на забите.
  6. Овошје во интензивни бои. Овошните плодови со интензивни заситени бои и производите направени од нив (сокови) влијаат врз обојувањето на забите. Во тие плодови спаѓаат: боровинки, капинки, јагоди, калинки, грозје и цреши.
  7. Цигарите. Можеби пожолтувањето на забите е најмал проблем ако пушите, но треба да се спомене. Никотинот ги обојува забите и најчесто остава непријатни кафени дамки. Откажувањето на цигарите е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето здравје.
  8. Лошата орална хигиена. Лошата орална хигиена не го уништува само белиот сјај на забите, туку и целосното дентално здравје. Мијте ги забите минимум 2 пати дневно и користете забен конец еднаш дневно. Користете мека четка и не заборавајте да го истриете и јазикот.

Како вашите заби да изгледаат побели?

Денес постојат повеќе начини за избелување на забите. Доколку сте во можност, не двоумете се и издвојте дел од својот буџет за некое ефективно средство или третман на стоматолог. Ако немате можност за тоа, одржувајте ја оралната хигиена и избегнувајте ги горенаведените непријатели на забите.

Постојат и некои трикови со помош на кои вашите заби визуелно ќе бидат побели.

  • Правилен избор на кармин. Многу е важно каква боја е вашиот кармин. Кармините кои имаат жолти или портокалови поттонови визуелно ги прават забите пожолти. Користете кармини со нијанси кои имаат сини поттонови.
  • Темен тен. Темниот тен прави забите да изгледаат побели. Но, тоа не значи дека треба да користите многу потемна пудра, тоа е голема грешка.
  • Избегнувајте светла бела облека. Белата облека ги истакнува пожолтените заби. Наместо чисто бела, претпочитајте беж боја.
  • Не носете накит од жолто злато. Златниот накит во жолта боја прави забите визуелно да изгледаат пожолти. Носете сребро или бело злато и накит со циркони и кристали.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11099 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.