Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Мамурлак – како да си помогнете?

Мамурлак – како да си помогнете?

Ако вчера се забавувате од зајдисонце до изгрејсонце, денес сигурно страдате од мамурлак. Имате пулсирачка главоболка, вртоглавица, осетливи сте на светло и звук и жалите што не сте прекинале со пиење пред да биде предоцна. Така вчерашната забава ви се претвора во утринско мачење.

Мамурлак
Бананите, медот, лимонот и лесната храна можат да ви помогнат да ги намалите непријатните симптоми на мамурлак.

Алкохолот е дрога и кога ќе се консумира во поголеми количини го полни нашето тело со токсини. Затоа, телото реагира така како што би реагирало и при предозирање со дрога – сака да се ослободи од штетните супстанции.

Најдобар лек да ги избегнете непријатностите на мамурлакот е да не пиете алкохол или „да си ја знаете границата“.

Совети

Секој греши. Ако вчера сте испиле неколку чаши повеќе, еве неколку совети како да си го олесните утринското мачење:

  1. Јадете банани. Бананите се супер храна ако имате мамурлак. Кога сте пијани уринирате повеќе од нормално и со тоа губите калиум. Бананите се богати со калиум, па затоа излупете една банана и вратете си ја енергијата.
  2. Мед и лимони. Зовријте една чаша вода и измешајте во неа мед и сок од лимон по ваш вкус. Пијте од течноста неколку пати во денот. Лесно е за пиење, а го снабдува организмот со течности и шеќери. Користете мед, а не бел шеќер, затоа што медот содржи фруктоза која е полесна за апсорбирање.
  3. Лесна храна. Последното нешто што сакате да го правите додека се опоравувате од мамурлак е да јадете. Но, храната ви е потребна за да си ја вратите енергијата. Во почетокот придржувајте се кон бистри течности додека не сте сигурни дека можете да поднесете нешто кашесто. Јадете тост, ориз или бистра супа.
  4. Спортски пијалоци. Спортските пијалоци се одличен начин да го снабдите телото како со течности, така и со изгубените електролити и глукоза.
  5. Мраз. Ставете облога со мраз на главата. Искршете мраз и ставете го во најлонска торбичка. Завиткајте го во сува крпа и поставете го на главата каде што ве боли. Исто така можете да наводните една крпа, да ја ставите на челото и да се релаксирате.
  6. Џус. Пресно исцедениот сок од портокал ќе ви помогне да го покачите нивото на шеќер во крвта и да си ги олесните симптомите на мамурлак. Но, ако имате проблеми со стомакот, наместо сок од портокал пијте свеж сок од јаболка.
  7. Пијте вода. Водата е добар лек на мамурлакот, бидејќи телото после пијанство е дехидрирано. Пијте повеќе од 8 чаши вода дневно додека закрепнете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10404 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.