Почетна » Здравје » Заболувања » Оталгија – болка во увото

Оталгија – болка во увото

Болката во увото е застапена и кај возрасните и кај децата. Таа е една од најчестите причини поради која родителите ги носат своите деца на лекар. Оталгијата може да се манифестира на едното уво или обострано, да биде од различен карактер (остра, тапа, жаречка болка) и со различен интензитет (од лесна до неподносливо силна болка).

Болка во увото

Причини за појава на оталгија

Оталгијата најчесто е предизвикана од повреда, инфекција или иритација во увото, но во одредени случаи може да станува збор за радијална болка. Радијалната болка е резултат на повреда или инфекција на структури во близина на увото, како забите или вилицата, која се проширува кон увото и симулира оталгија.

Најчести причини за појава на оталгија:

  • Акутен или хроничен отитис (воспаление на увото);
  • Повреди на увото поради промени на притисокот;
  • Присуство на церумен (ушна маст);
  • Страно тело во увото;
  • Воспаление на грлото;
  • Синузитис;
  • Шампон или вода во уво.

Поретки причини за појава на оталгија:

  • Перфорација на ушно тапанче;
  • Синдром на темпоромандибуларен (виличен) зглоб;
  • Артритис што го афектира темпоромандибуларниот зглоб;
  • Инфекција на заби;
  • Повреда на заби;
  • Егзем на ушен канал;
  • Тригеминална невралгија.

Како да си помогнете во домашни услови?

Постојат повеќе начини како во домашни услови да ја намалите болката во увото. Најчесто применувани се:

  • Поставување ладна облога на ушната школка во период од 15-20 минути;
  • Заштита на увото од навлегување на вода;
  • Користење на капки за уво (оваа постапка не се применува доколку има руптура на ушното тапанче);
  • Земање на лекови против болка;
  • Џвакањето мастика го ублажува притисокот, а со тоа и болката предизвикана од инфекција на увото;
  • Исправена, вертикална поставеност на телото може да го намали притисокот во средното уво.

Кога треба да посетите доктор?

Неопходно е да го консултирате вашиот доктор доколку:

  • Телесната температура е над 38°C;
  • Се јавуваат нови симптоми како вртоглавици, главоболки, оток околу увото, слабост на лицевата мускулатура;
  • Настане ненадеен прекин на претходно јака оталгија што најчесто алудира на перфорација на ушното тапанче;
  • Истекува крв или гној од увото;
  • Симптомите како болка, температура, треска или иритабилност не се подобрат во рок од 24-48 часа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.