Почетна » Здравје » Заболувања » Д-р Катерина Ристоска: Како да знаете дека имате проблем со бубрезите и како да се грижите за нивното здравје?

Д-р Катерина Ристоска: Како да знаете дека имате проблем со бубрезите и како да се грижите за нивното здравје?

Што се случува доколку имате оштетување на бубрезите?

Симптомите на бубрежно заболување често се слични со многу други вообичаени здравствени проблеми и можат да бидат занемарени во почетокот на болеста. Сериозни знаци на нарушена бубрежна функција, може да не се појават се додека бубрезите не почнат да откажуваат. Затоа се смета дека бубрежните заболувања, зависно од основната болест која што довела до нивно оштетување, често се развиваат подмолно, со нејасни симптоми. Се смета дека само 10% од заболените со ҳронична бубрежна болест знаат дека истата ја имаат.

Жан Митрев

Како може да знаете дека имате проблеми со бубрезите?

Помислете дека можеби нешто не е во ред со вашите бубрези секогаш кога ќе забележите промена на боја на вашата урина, заматеност или меурчиња во неа. Ако имате често мокрење, особено ноќе. Ако мокрите крвава урина или мала количина на урина. Ако имате слаб млаз на урина и мокрење со прекини, особено кај мажи во напредната возраст.

Ако ви се јавуваат отоци околу глуждовите, стапалата, рацете, лицето. Ако сте слабокрвни, имате намален апетит, гадење, повраќање, малаксаност, чувствувате замор, неугоден мирис и вкус во устата. Ако ви се јавува чешање, сува, жолтеникаво- смеѓа боја на кожата, мускулни грчеви. Ако имате висок крвен притисок, кој што тешко се контролира со лекови. Ако имате срцеви аритмии. Кај деца кои што имаат ҳронична бубрежна болест може да се забележлив застој во растот, низок раст или неправилен развој на коските на долните екстремитети.

Во тој случај вашиот доктор ќе ви направи проверка на крвта преку која ќе определи ниво на креатинин и уреа, гликемија, електролити во неа. Потоа ќе направи проверка на урината за присуство на протеини, крв, леукоцити и гликоза. Ќе ви го провери крвниот притисок и секако ќе ги погледне вашите бубрези на ултразвук. Согласно добиените резултати од направените анализи ќе ви пресмета колкава е гломеруларната функција – ГФР на вашите бубрези, која што покажува колку вашите бубрези се во состојба да ги излачуваат токсините и вишокот вода од вашето тело.

Жан Митрев

Кој е најдобриот начин да ги одржите вашите бубрези здрави?

На секој преглед кај вашиот доктор задолжително тестирајте ја вашата урина за присуство на протеини/микроалбумини, гликоза и леукоцити. Еднаш до двапати годишно собирајте 24 часовна урина и определувајте протеини во неа. Раната дијагноза значи и одлагање на прогресијата на бубрежната болест.

Кои лица имаат поголема веројатноста да се развијат бубрежна болест?

Во болестите коишто доведуваат до бубрежно оштетуванње покрај ДМ и Хипертензијата, спаѓаат и воспалителните заболувања на бубрегот – гломерулонефритите, вродените и наследни заболувања – полицистичната бубрежна болест. Секако и болестите кои што ги блокираат мочните патишта – камчињата, зголемената простата, туморите и карциномите. Затоа од особено значење е раниот скрининг и следењето на болеста.

Што можете да направите за да спречите појава на бубрежна инсуфициенција?

Според новите упатства за болни со диабетес мелитус, микроалбуминуриа и ХББ cut off на крвен притисок е < 130/80mmHg.

Покрај намалена количина на сол до 2gr/ден, намален внес на протеини од 0.8-1.0gr/kg ТТ/ ден се препорачува умерена физичка активност од 30-60 мин. (шетање, возење велосипед, пливање). Намалување на телесна тежина (обем на струк под 102cm за мажи, под 88cm за жени). Пијте од 2-3 литри течност, од кои барем половината вода. Прекин на консумирање алкохол и цигари. Редовно (најмалку еднаш годишно) правете систематски прегледи, кои ќе вклучат проверка на вашите бубрези.

Медицина

д-р Катерина Ристоска
Спец. по интерна медицина / Супспец. по нефрологија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

За сите ваши проблеми со бубрезите ви стојат на располагање специјалистите во Одделот за нефрологија на „Жан Митрев Клиника“. Закажете преглед или консултација на 02 3091 484

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.