Почетна » Здравје » Заболувања » Д-р Живорад Коцевски: Синдром на карпален тунел - симптоми, причини, дијагностика и лекување

Д-р Живорад Коцевски: Синдром на карпален тунел - симптоми, причини, дијагностика и лекување

Синдромот на карпален тунел е најчеста форма на периферна компресивна невропатија, која настанува како последица на притиснат медијален нерв во карпалниот канал на рачниот зглоб. На тоа место, нервот минува низ многу тесен простор, ограничен со ситни зглобни коски, тетиви, фиброзни и ригидни карпални лигаменти.

Најчесто пациентите со компресија/вклештен медијален нерв ги пројавуваат следните симптими: трнење, жарење, пецкање и болка во палецот, показалецот и средниот прст. Болка и трнење кои може да се прошират низ подлактицата и рамото. Слабост на раката и ограниченост на фините движења како на пример неможност да се закопча копче.

Жан Митрев

Застапеност

Најчесто се јавува кај средовечни жени, или кај постари лица. Односот на застапеност кај жени во однос на мажи е 4:1. Кај околу 1/3 од случаите, состојбата е билатерална, односно засегнати се двете раце. Инциденцата на оваа состојба е: 3 од 1000 луѓе од општата популација. Предиспонирачките фактори вклучуваат: прекумерна тежина, ревматоиден артритис, дијабетес, бубрежни заболувања и хипотироидизам. СКТ поврзан со бременост обично се решава спонтано по породувањето. СКТ може да се развие по фрактура на рачниот зглоб.

Симптоми на синдромот на карпален тунел

Симптомите почнуваат постепено и со текот на времето се влошуваат. Најчесто клиничката слика почнува со појава на спонтани сензации од типот на парестезии, односно трнење во првиот, вториот, третиот и страничната површина на четвртиот прст. Како поминува време, така трнењето се интензивира и освен прстите ја зафаќа целата рака. Почесто се јавува ноќе и ваквата сензација може да разбуди од сон. Во потешки случаи, трнењето е придружено со болки и оток во предел на рачниот зглоб, како и мускулна слабост и хипотрофија на мускулите на шаката.

Правилното третирање на оваа состојба вообичаено е доволно за да го ублажи пецкањето и вкочанетоста, а потоа и да се обнови функцијата на зглобот и раката.

Причини за појава на синдромот на карпален тунел

Причините за појава на карпал тунел синдром се многубројни. Во најголем број случаи се јавува како комбинација од повеќе ризик фактори:

  • Генетика
  • Чести повторувања на исти движења со раката
  • Положба на раката и зглобот
  • Бременост

Други заболувања кои може да дадат симптоми на карпал тунел синдром се:

  • Ревматоиден артрит
  • Дијабет
  • Нарушувања на тироидната жлезда
  • Оштетување на лигаментите
  • Повреди на зглобот (скршеници)
  • Компресија на нервите на ниво С6-С7 во вратот
Жан Митрев

Дијагностика

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, невролошкиот преглед, резултатите од електромионеврографското испитување (ЕМГ) и од ултразвучниот преглед на нервот.

  • Тetr-ов тест на компресија на медијален нерв кој се изведува на следниот начин: притиснете го регионот на карпал тунел и задржете 30 секунди со вашиот палец додека пациентот го држи рачниот зголб под агол од 60 степени во флексија. Чувство на отрпнатост во зоната на дистрибуција на медијалниот нерв значи позитивен наод.
  • Tinel-ов знак: лесно тапкање по медијален нерв со врвот на сопствениот прст или со рефлексен чекан над регионот на карпален тунел. Пациентот ќе чувствува пецкање или електрични сензации во зоната на дистрибуција на медијалниот нерв.
  • Phalen-ов тест: Пациентот го држи својот рачен зглоб во полна флексија истовремено со притискање врз надворешниот дел на шаката: ова провоцира отрпнатост и пецкањето во прстите.Тестот се продложува за една минута ако е потребно.
  • Се тестираат двете раце и се споредуваат евентуалните разлики.
  • Атрофија на тенарните мускули и слабост на палмарна абдукција на палецот се знаци за напредната состојба.
  • Дијагнозата се потврдува со електроневромиографија.
  • Во општа практика по исклучок може да се користат уреди за брза дијагноза, но тие во никој случај не можат да ја заменат конвенционалната електроневрографија.

Лекување

Лекувањето може да биде конзервативно, хируршко и со физикална терапија. Конзервативната терапија е симптоматска и е насочена кон лекување на основната состојба која довела до појава на синдромот. Најчесто се ординираат аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекови, периферни миорелаксанси, витамини и антиоксиданси. Носењето на ортоза не дозволува да се витка зглобот во текот на ноќта. Држењето на зглобот во права или неутрална положба го намалува притисокот врз нервот во карпалниот тунел. Исто така, може да помогне да се намали притисокот во текот на денот за време на активности кои ги влошуваат симптомите.

Хируршката терапија има за цел да го ослободи нервот од притисокот во карпалниот канал.

По смирување на симптомите и ставање на болката под контрола се препорачува физикална терапија. Истата треба да се избегнува во фазата кога најмногу се изразени болките и трнењето, затоа што во тие моменти може дополнително да ја влоши клиничката слика. Физикалната терапија има за цел да го рехабилитира нервот, да ги тонизира мускулите и да ја поврати нивната функција.

Медицина

Д-р Живорад Коцевски
Специјалист по пластична реконструктивна и естетска хирургија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.