Почетна » Здравје » Заболувања » Бруксизам – чкрипење со забите

Бруксизам – чкрипење со забите

Дали ги стегате вилиците и чкрипите со забите кога сте под стрес и нервозни? Дали вашиот партнер се жали дека гласно чкрипите со забите додека спиете? Ако одговорот е да, вие страдате од бруксизам.

Иако повеќето луѓе не му обрнуваат внимание на оваа состојба, таа не треба да биде игнорирана. Научете повеќе за бруксизмот, препознајте ги симптомите и помогнете си.

Што е бруксизам?

Бруксизам е состојба на несвесно чкрипење со забите и стегање на вилицата. Тоа може да доведе до главоболка, болки во увото, оштетени заби и други проблеми.

Повеќе од половината возрасни луѓе во светот страдаат од бруксизам. Околу 15% од децата се засегнати од оваа непријатна состојба.

Ако имате бруксизам, понекогаш може да чкрипите со забите додека сте будни, но најчесто тоа се случува во текот на ноќта. Многу луѓе не знаат дека страдаат од бруксизам, затоа што чкрипењето и стегањето на забите го прават додека спијат и во несвесна состојба. Поради тоа, многу е важно да ги знаете симптомите на бруксизмот.

Симптоми

БруксизамНајчести виновници за бруксизмот се стресот и вознемиреноста.

Некои од симптомите на бруксизмот се:

  • Истанчена глеќ на забите;
  • Чувствителност на забите на топло и ладно;
  • Поткршени заби;
  • Рамна џвакална површина на забите;
  • Болка во вилицата;
  • Зголемени мускули на вилицата;
  • Главоболка;
  • Болка во ушите.

Причини за појавата на бруксизам

Точните причини за појавата на бруксизам сè уште не се утврдени и постојат различни ставови односно тоа што го предизвикува бруксизмот. Како најчести виновници за бруксизмот се посочуваат стресот и вознемиреноста. Според експертите, луѓето кои имаат бруксизам ја намалуваат напрегнатоста и стресот со несвесно чкрипење на забите.

Исто така причина за појавата на бруксизам може да биде и скриена лутина, консумирање на алкохол и кофеин, пушењето, проблеми со синусите и спиењето, лоша подреденост на забите на горната и долната вилица, недостаток на заб и сл.

Совети

  1. Опуштете се. Стресот е најчест причинител на бруксизмот. Најдете начин да се ослободите од стресот. Изберете си да го направите тоа со активност која ве релаксира. Можете да вежбате, медитирате или да добивате редовна масажа.
  2. Не јадете или пиете точно пред да легнете да спиете. Доколку јадете или пиете пред легнување, особено алкохол, тоа може да ја влоши вашата состојба. Затоа избегнувајте ја оваа навика.
  3. Носете ноќни штитници на забите. Тие го намалуваат притисокот кој вие несвесно го правите врз забите и ги заштитуваат. Овие штитници се изработуваат по мерка.
  4. Ставајте топли облоги на лицето. Потопете крпа со топла вода и ставете ја на двете страни на лицето во областа на вилицата. Така ќе ги опуштите мускулите на вилицата.
  5. Чувајте ги забите разделени. Забите треба да се допираат само кога џвакате храна. Преку денот чувајте ги забите разделени, а усните споени. Така ќе ја намалите потребата за стегање на вилицата и чкрипење со забите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.