• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Заболувања

7 физички симптоми на депресијата

9 септември 2009, 11:47
  • cподели

Повеќето луѓе знаат кои се емоционалните симптоми на депресијата, но не знаат дека депресијата може да предизвика и физички симптоми.

Главоболка
Главоболката може да биде симптом за депресија.

Некои од тие симптоми се:

  1. Болки во вратот. Ако страдате од депресија може да ви се појават и болки во вратот или ако веќе сте имале болки да се зголеми нивниот интензитет.
  2. Главоболка. Главоболката е често среќаван симптом кај луѓето кои страдаат од депресија. Доколку претходно сте страдале од мигрена, во периодот на депресија ситуацијата се влошува.
  3. Проблеми со дигестивниот систем. Може да чувствувате гадење, да имате дијареа или да имате симптоми на запек.
  4. Болка во градите. Ако чувствувате болка во градите треба да посетите доктор, затоа што можно е да имате проблеми со срцето. Но, болката во градите често е и симптом на депресија.
  5. Проблеми со спиењето. Луѓето кои страдаат од депресија имаат проблеми со спиењето. Некои од нив тешко можат да заспијат и да се будат порано, а некои спијат многу повеќе од нормалното.
  6. Промени во апетитот. Некои луѓе кои се во депресија го губат апетитот и логично губат тежина. Други пак постојано мислат на храна, внесуваат многу повеќе јаглехидрати и ја покачуваат телесната тежина.
  7. Замор, вртоглавица, несвестица. Ако сте во депресија, без разлика колку спиете, пак се чувствувате изнемоштени. Промените во апетитот, проблемите со спиењето, главоболката, сето тоа може да доведе до вртоглавица или дури до несвестица.
Tags
заболувања
депресија

Најнови

  • Пушење

    Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Македонија на предлог-текстот на законот за заштита од пушење

    Thu, 03/19/2026 - 19:01
  • Chapter 03

    Моќни и успешни македонски дами блескаат со стил и интегритет во инспиративна кампања на Chapter 03

    Thu, 03/19/2026 - 18:00
  • Родена со деформитети поради Чернобил, малтретирана во сиропиталиште... Која е шампионката која доминира на Параолимпијадата?

    Thu, 03/19/2026 - 14:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.