Почетна » Забава » Хороскоп » Хороскопските знаци и бакнувањето

Хороскопските знаци и бакнувањето

Физичкиот контакт преку усните е емотивно доживување, кое може да биде филмски и романтично, страсно и уникатно. Секој негува сопствен стил на бакнување, но астрологијата вели дека според карактеристиките, бакнежите на претставниците на одделните знаци вклучуваат одредени заеднички препознатливи елементи.

Сакате вистински жежок и страстен бакнеж? Побарајте претставник на огнен знак – овен, лав или стрелец. Нивните брзи бакнежи се диви, полни со енергија и веднаш ја загреваат атмосферата. Земјените знаци бик, девица и јарец воопшто не брзаат и се обожаватели на сензуалните долги бакнежи. Воздушните знаци близнаци, вага и водолија сакаат длабок разговор пред да ви подарат филмски бакнеж. Водните знаци рак, шкорпија и риби знаат да започнат срамежливо, а потоа да покажат поголема страст отколку што некогаш сте очекувале.

Бакнувањето и хороскопот

Еве како бакнуваат претставниците на различните хороскопски знаци:

Овен

Овенот е управуван од страсниот Марс, па претставниците на овој знак многу добро знаат како да ја вжештат атмосферата, затоа што за нив не постојат предрасуди. Стилот на бакнување на овните може да се опише како впечатлив и енергичен. Кога се бакнуваат даваат сè од себе, без да очекуваат нешто за возврат. Доколку му се допаѓате, за неколку мигови ќе бидете во прегратката на овенот, кој нема да побара дозвола од вас за да го направи првиот чекор. Овните се импулсивни по природа и кога сте со нив очекувајте го неочекуваното.

Бик

Биковите се под влијанието на Венера, планетата на љубовта и убавината. Сè што прават, го прават со многу емоции, па бакнувањето не е исклучок. Бавен, нежен и сензуален – ваков бакнеж треба да очекувате од биковите. Заведуваат бавно, но сигурно, а нивните бакнежи траат и траат... Тоа е една од причините поради кои врските на биковите траат подолго, отколку врските на другите знаци. Бидете подготвени за бакнеж кога најмалку се надевате. Биковите реагираат на нежните допири, па ако сакате да заведете бик, покажете максимална нежност и сензуалност.

Близнаци

Меркур, планетата на комуникацијата, управува со близнаците, па за да добиете бакнеж од нив, треба да почекате прво да се изназборуваат. Но, навистина вреди да се чека за нивниот секси и игрив бакнеж. Верувајте, никогаш дека нема да останете разочарани од бакнежите на близнаците, бидејќи нивниот стил на бакнување е интересен и брзо променлив. Сепак, поради тоа што мозокот постојано им е насочен кон откривање на нови техники на бакнување, тие не можат доволно да се релаксираат и да уживаат во бакнувањето. Затоа, очекувајте само кратки мигови за размена на нежности. Понекогаш тишината им пречи, па не им се лутете ако го прекинат бакнувањето за да се поднасмевнат или дадат некаков досетлив коментар.

Рак

Раковите се многу чувствителни поради влијанието на Месечината. Тие можеби нема да ве однесат на седмото небо со првиот бакнеж, но со нив ќе се почувствувате исклучително пријатно и удобно. Нивните бакнежи се топли, нежни и никогаш не завршуваат, па доколку сакате романтичен и внимателен партнер, раковите се одличен избор. Претставниците на овој знак сакаат да бидат бакнувани на истиот начин на кој бакнуваат, па ако треба да изберат идеален партнер само за бакнување, најверојатно би избрале партнер од истиот знак.

Лав

Лавовите се управувани од Сонцето, па нивните бакнежи се екстремно „жешки“. Бакнежот со лавовите, наречени и кралеви на заведувањето, ќе ве фрли на колена. Тие имаат доверба во својот шарм, пристапуваат самоуверено и едноставно знаат како да воодушеват. Обично ја преземаат и иницијативата за бакнеж – го зграпчуваат партнерот и ја излеваат својата страст врз него. Доколку се бакнувате со претставник на овој знак, сè што треба да направите е да се релаксирате и да уживате во романтичната атмосфера која ќе ја создаде тој. Очекувајте и многу бакнежи по вратот.

Девица

Управувани од Меркур, планетата на интелектот, девиците го анализираат секој детаљ пред да спојат усни со некого. Не се расфрлаат со бакнежи и бидете сигурни дека нема да ве бакнат, додека не проучат апсолутно сè и додека не се 100% сигурни дека го сакаат тоа. Тие се вечни перфекционисти, не сакаат неред, па и атмосферата пред бакнување мора да биде совршена. Стилот на бакнување на овој знак е совршен – внимателен и исполнет со чувства. Бидејќи девиците ништо не прават половично, нивниот бакнеж секогаш е целосен и доаѓа директно од срцето.

Вага

Вагите по природа се вечни романтичари, што не е чудно, бидејќи исто како и биковите, и тие се управувани од Венера, планетата на љубовта и убавината. Живеат за да ги задоволат своите партнери, но не очекуваат ништо помалку за возврат. Располагаат со каталог од различни бакнежи, па секој нивни бакнеж е уникатен, а искрата со која бакнуваат е со ист интензитет и по долги години поминати заедно со еден партнер. Доколку се најдете во прегратките на претставник на овој знак, препуштете му се на моментот и уживајте во перфектниот бакнеж.

Шкорпија

Плутон им дава на шкорпиите неверојатна моќ, која ја применуваат и во бакнувањето. Страста е главен двигател во животот на шкорпиите, па можете да си замислите колку многу страст излегува на површина кога пред нив стои некој што ги привлекува и со кого посакуваат интимен контакт. Доколку им се допаѓате, ќе добите бакнеж кој никогаш нема да го заборавите. Моќта на нивното бакнување се крие во разнообразието. Но, внимавајте шкорпиите понекогаш оставаат „белези“ на местата каде што бакнуваат. Доколку се бакнувате со шкорпија треба да заборавите на сè останато и да се посветите на бакнувањето. Не бидете изненадени ако шкорпијата брзо сака да премине на наредната етапа на интимноста. Бакнежите за претставниците на овој знак се предигра на нешто поинтимно.

Стрелец

Јупитер им дава на стрелците бескрајна енергија, а голем дел од неа тие знаат да ја пренасочат кон бакнувањето. Стрелците се ненаситни и секогаш сакаат повеќе и повеќе, особено кога станува збор за бакнежите. Добрата вест е што знаат и да дадат многу. Авантуристичкиот дух го диктира темпото на живот на стрелците и од нив најмногу бакнежи можете да очекувате по активност која им го зголемила нивото на адреналин. Тие поседуваат торба со најразлични типови бакнежи и никогаш не можете да знаете што ќе извадат од неа. Бакнуваат страсно и игриво, а никогаш не можете да предвидите кога ќе се наведнат да ви украдат бакнеж. Доколку сакате да ги освоите преку бакнежите, бидете инвентивни, бидејќи здодевноста е најголем убиец на нивната страст.

Јарец

Сериозните јарци се под влијание на строгиот Сатурн и ретко му се препуштаат на уживањето. Ретко се одлучуваат да бакнат први, но кога ќе го направат тоа, го прават со стил. Од нив очекувајте елегантен, префинет и бавен бакнеж. Одвреме-навреме повлекувајте се за да ја разгорувате кај него желбата за повеќе и повеќе, бидејќи јарците ги примамува она што тешко можат да го добијат. Доколку ви се допаѓа некој јарец, не се откажувајте ако не ве бакне кога очекувате. Неговиот бакнеж ќе задоцни, но вреди да се чека, затоа што во него ќе бидат вложени сите чувства на јарецот.

Водолија

Водолиите ја обожаваат промената поради влијанието на еклектичкиот Уран. Нивните бакнежи се невообичаени и инвентивни, тие секогаш копнеат по нешто ново и за нив не постојат граници. Кога бакнуваат, целта на водолиите е да останат запаметени и успеваат во тоа. Сакаат сочни бакнежи и често бакнуваат со отворени очи. Доколку се бакнувате со припадник на овој знак, за да го задржите неговото внимание, бидете оригинални. И уште нешто, не очекувајте долги бакнежи, затоа што за водолиите времето е скапоцено.

Риби

Поради влијанието на Нептун, стилот на бакнување на рибите е мистериозен и енергичен. На рибите особено им е важна физичката привлечност, па ако успеете да ги задоволите нивните критериуми, тие сигурно ќе ги исполнат вашите кога станува збор за бакнувањето. Нема да ви дозволат да им се приближите ако интуицијата им кажува дека се со погрешна личност, бидејќи ретко грешат кога ги слушаат своите претчувства. Бакнуваат нежно, внимателно и со чувства. Само што ќе ги допрете нивните усни, ќе почувствувате длабока поврзаност и нема ниту за момент да сакате да се одделите од нив. За среќа, рибите сакаат да подаруваат долги бакнежи. Доколку барате романтичен партнер кој постојано ќе ве бакнува, претставниците на знакот риби се вистинскиот избор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11038 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.