Почетна » Забава » Хороскоп » Подарок според хороскопскиот знак

Подарок според хороскопскиот знак

Подарок

Подарок според хороскопскиот знак

Подароците предизвикуваат огромна среќа, особено кога се купени со внимание, љубов и со желба да му се допаднат на оној кој ќе ги добие. Празниците и родендените се најдобрите поводи за купување на подароци.

Сигурно многу пати сте се чуделе каков подарок да купите, особено за луѓе кои не ги познавате многу или кога вашата фантазија се „истрошила“. Ние ќе ви помогнеме во изборот. Сè што треба да знаете е хороскопскиот знак на тој што сакате да го израдувате.

Задоволството е уште поголемо ако видите како блескаат очите на саканата личност кога ќе го види подарокот. Се надеваме дека ќе ви помогнеме да го постигнете тоа.

Подарок според хороскопскиот знак » Овен

Овен

Овните со задоволство примаат подароци. Немојте да заборавите да им подарите нешто за празниците или за нивниот роденден, затоа што за нив нема ништо понавредливо од тоа. Тие се како мали деца кои се радуваат на играчка. Изненадувањата се секогаш добредојдени, а за опаковката немојте да се грижите залудно. Овните се премногу нетрпеливи да дознаат што има внатре, па не ја ни забележуваат надворешноста.

Активните овни секогаш бараат начин да останат во форма, особено во празничната сезона. Многу се темпераментни, импулсивни и активни и поради тоа често губат осет за време. Секој подарок што го покажува времето или е поврзан со некое хоби ќе биде идеален за нив. Ако им купите спортска опрема или ако им платите курс за некој спорт, ќе ги направите пресреќни.

Ги сакаат предизвиците и натпреварите, па платете им курс за скокање со падобран, јавање на коњ или едноставно одведете ги на пејнтбол или рафтинг авантура.

Запомнете дека овните владеат со главата, лицето и мозокот, па секој предмет или облека поврзани со тој дел од телото, како капа или очила ќе бидат соодветни.

Родените во овој знак се исто така познати по црвената боја. Покажете им дека го цените нивниот вкус и подарете им нешто црвено.

Сакаат да привлекуваат внимание, особено вниманието на партнерот и затоа ви предлагаме да им подарите екстравагантна долна облека.

Ако се работи за ваша блиска личност и сакате да изберете поскап подарок, верувајте вистинскиот избор се дијамантите – нивните најдобри пријатели. Ако избирате парфем, насочете се кон пософистицираните мириси.

Предлози:

Часовник, скии, капа, очила за сонце, обетки, шминки, билет за спортски настан, книга, сложувалка.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Бик

Бик

Биковите сакаат скапи подароци, но се доволно учтиви и нема да ви замерат ако им купите поевтин подарок. Сакаат да добиваат и по неколку подароци, па заедно со главниот подарок подарете им и бонбони или вино. Но, внимавајте! Виното не смее да биде било какво, туку треба да биде најдоброто и најскапото.

Шише од највисоко класифицираните коњаци или кутија бонбони со највисок квалитет можеби ќе ги задоволи најскромните бикови. И тоа е ако бикот ве сака и не сака со подарокот многу да ве истроши.

Се возбудуваат кога работите се изработени специјално за нив, па рачно сплетен џемпер, од вас нацртана слика, скулптура, домашно направени колачиња ќе свршат одлична работа. Знаат да ги ценат подароците и се однесуваат кон нив со големо внимание.

Го сакаат комфорот, па ако им подарите декоративни перници, покривачи за кревет, удобни влечки, нежно ќебе од кашмир, свилен шал или свилени пижами, ќе ги направите пресреќни.

Ако бикот е на пат да стане дел од вашето семејство или сакате да го освоите неговото срце, тогаш тоа ќе го постигнете преку накитот. Подарете им злато и скапоцени камења. Но внимавајте, опаковката треба да биде исто толку раскошна колку и самиот подарок. Запомнете дека за нив квалитетот е поважен од квантитетот.

Сакаат да добиваат скапи, но практични и долготрајни подароци. Бикот е земјен знак и претставниците на овој знак ги сакаат цвеќињата. Ако им купите градинарска опрема или книги поврзани со градинарството, нема да погрешите.

Омилена боја на биковите е зелената, па ако се двоумите каква боја да изберете, ова ќе ви биде од голема помош.

Бикот управува со вратот и грлото, затоа ви препорачуваме како подарок да им купите накит или облека кои се наменети за овие делови од телото како на пример: огрлица, обетки, шал и т.н.

Предлози:

Балсам за после бричење, колонска вода, масажа, акции, паричник, прибор за бричење, чоколада, шампањ, билет за театар или опера, уметничка слика, вечера во гурмански ресторан, вратоврска, скапо шише вино.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Близнаци

Близнаци

Близнаците сакаат подароци кои одговараат на нивниот огромен интелектуален потенцијал. Од нив се ценети оние работи кои ги рашируваат нивните хоризонти. Подарете им примамлива книга, некое научно списание, џебен калкулатор или билет за некој културен настан, екскурзија и сл. и ќе ги направите пресреќни.

Близнаците владеат со куќата на комуникацијата и сигурно сте забележале дека тие се постојано со нивните пријатели. Олеснете им ја комуникацијата преку купување на телефон или компјутер.

Често ги губат работите, па можете да им подарите нешто кое што веќе го имаат или кое го имале, но го загубиле.

За близнаците подароците и не се толку важни. Тие полесно поднесуваат ако заборавите да им купите подарок, отколку биковите или овните. Личноста е поважна за нив отколку подарокот. Исто така при купувањето е многу важна вашата фантазија. Тие сакаат необични подароци и многу е важно што е напишано на картичката – треба да е нешто од срце.

Овој знак управува со рацете и дланките, па парфимиран лосион за раце, блескав прстен, ракавици или нешто друго поврзано со овие делови од телото ќе ги задоволи.

Сакаат да се забавуваат и го сакаат разнообразието, затоа ако сакате да ги направите среќни, донесете им неколку поевтини подароци наместо еден скап, но секој спакуван различно – нека имаат добра забава при отворањето. На тој начин и вие ќе имате добра забава, затоа што коментарите што близнаците ги даваат додека ги отвораат подароците сигурно ќе ве забавуваат.

Близнаците се најљубопитниот знак во хороскопот и со нетрпение чекаат да видат што се крие под опаковката. Но, тоа не е поради богатството кое се крие внатре, а едноставно поради задоволувањето на нивната љубопитност. Тие никогаш не гледаат материјалистички на подароците.

Нивната боја е жолтата. Таа ги смирува нервозните близнаци, па ако купете подарок во оваа боја нема да погрешите.

Предлози:

Книга, списание, прстен, кошула, џемпер, палто или спортско сако, пенкало, дневник, компјутер, телефон, игра која е ментален предизвик за нив на пример шах, направени од вас необични предмети во кои сте ја искористиле вашата фантазија.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Рак

Рак

Сентименталните ракови сакаат подароци со лично значење. Можете да им подарите рамка за слика со фотографија од некој од вашите заеднички моменти, албум со ваши слики или дневник со моментите поминати заедно. Однесете им свеќник кој ќе го користат за нивните романтични вечери. Рачно изработените предмети се секогаш добредојдени, без разлика дали тоа е слика, џемпер, колачи или пита.

Нив не ги интересира цената на подарокот, а што тој претставува за нив и на кои моменти од нивниот живот ги потсетува.

Многу често раковите се колекционери. Ако и ракот за кого купувате подарок е колекционер, тогаш прашањето за подарокот е автоматски решено. Правете што сакате, но нивната колекција мора да се зголеми.

Лична посета на денот на роденденот или на некој празник до нивниот дом ќе ги направи пресреќни. Доколку не можете да ги посетите, немојте да заборавите да им се јавите или да им испратите SMS.

Раковите владеат со секторот на домот, па подарок за нивниот дом неверојатно ќе ги израдува. Но внимавајте, подарокот мора да биде практичен. Колку поголем и потопол е подарокот, толку подобро. Веднаш ќе забележите што недостига во нивниот дом, тие се „проѕирни“ домаќини. Секогаш ќе ви бидат благодарни, дури и да им подарите нешто што веќе го имаат, тие ќе ве убедат дека точно тоа е предметот што го посакувале и што планирале да си го купат. Исто така многу се вешти во домашната работа, па книга за готвење ќе ги усреќи.

Имаат афинитет кон течности од секаков вид. Можете да им подарите шише вино, машина за кафе, чајник и сл.

За нив многу е важен и начинот на кој го подарувате подарокот, тоа е многу важен дел за нив. Па, пригответе си говор кој ќе го кажете пред да им го подарите подарокот. Многу е важно правилното изразување на важите чувства.

Бојата на раковите е сребрената (сивата), па ако се двоумите каква боја да изберете, ова е вашето решение.

Предлози:

Чоколадо, книга, фотоалбум, дневник, книга за готвење, аквариум или било каков практичен подарок за нивниот дом.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Лав

Лав

Лавовите ги внесуваат своето срце и својата душа во сите празнични или роденденски прослави. Тие се многу дарежлив знак и трошат многу кога купуваат подароци за нивните пријатели и за семејството, но и за организирањето на празничните прослави. Бидете внимателни, затоа што истото го очекуваат и од вас. Што и да им подарите треба да биде најголемото и најдоброто. Што и да добијат сакаат да почувствуваат дека тоа е купено со внимание и дека е избирано специјално за нив.

Кога се добро расположени секој ден за нив е празник и само си бараат повод за да ја организираат наредната прослава. И секоја нивна прослава е незаборавна.

Сакаат подароци кои прават да се чувствуваат одлично. Аксесоари за коса, козметика или предмети за чистење се добар избор за овој знак. Тие исто така сакаат да се коцкаат, па однесете ги на прошетка до казино, купете им чипови за покер или шпил карти.

За биковите театралноста при врачувањето на подароците е многу поважна отколку самиот подарок. Подарокот не треба само да им биде даден. Околината е многу важна – тој треба да биде во центарот на вниманието, седнат на удобна столица која ќе претставува негов престол. Сите гости треба да седат околу лавот. Море од цвеќиња е она за што лавот сонува, но и голем букет ќе сврши работа. Тој треба да биде придружуван од голема картичка на која е испишано колку многу тој ви значи. Подарокот треба да биде завиткан во златна хартија и да има голема панделка.

Кога барате подарок за лав обрнете внимание на работи кои опуштаат и релаксираат. Уметничка слика е добредојдена, тие се сметаат за големи познавачи на уметноста.

Никогаш не се уморни од накит, но немојте ни да помислите на бижутерија. Подарокот треба да се вклопува во кралскиот статус на лавот. Секогаш земајте го во предвид вкусот на лавот. Неговото срце ќе се исполни ако го изгравирате името на вашиот омилен лав во некое ќоше од подарокот. Тие секогаш се горди со своето име. Дури и ако им подарите златна хартија со нивното име насекаде по неа, ќе бидат пресреќни и ќе го стават на највидливото место во куќата.

Лавот е сончев знак и ги обожава црвената и златната боја.

Предлози:

Накит кој го привлекува вниманието (колку поголем е каменот на него, толку подобро), златен или позлатен часовник, билети за на театар или опера, парфем, кутија за накит, најголемото чоколадо кое можете да го најдете, сè што е поврзано со коцкање на пример шпил карти, уметничка слика.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Девица

Девица

Ако сакате да не ги нервирате девиците на денот на нивната прослава, тогаш треба да се појавите навреме и со подарок во рацете. Сакаат практични подароци, па избегнувајте предмети кои ќе фаќаат прашина во некој дел од куќата. Подарете им корисни работи кои ќе им ја олеснат секојдневната работа. Подарок како кујнски апарат, аксесоар за во кола, компјутер или џемпер ќе сврши добра работа. Дури и ако од финансиска гледна точка избирате поевтин подарок, гледајте тој да е практичен. Купете им прекривач за маса, кујнски прибор или пердиња и тие ќе ви бидат благодарни. Треба да знаете која боја е најзастапена во кујната, за подарокот да биде употребуван.

Девиците се познати и по чистотата, па можете да изберете правосмукалка или нешто за лична употреба како миризлив сапун, лосион или шампон.

Сите мислат дека девиците не сакаат скапи подароци, но тоа не е сосема точно. Тие ќе се восхитат на некоја ситница, но мечтаат за нешто вредно. За да ги направите среќни, треба да им подарите скап подарок за кој одамна мечтаат. Ќе ви бидат благодарни засекогаш и нема да ви го заборават гестот.

Девиците се работливи и многу организирани, па добра идеја би бил часовник, календар, актовка и сл.

Тие ја сакаат елеганцијата, па што и да им подарите гледајте тоа да биде со стил. Спакувајте го подарокот грижливо, но внимавајте да не ја уништите оригиналната опаковка. Немојте да го заборавате упатството за работа ако им подарувате апарат, девиците ќе го прочитаат и покрај тоа што ја познаваат машината подобро можеби од самиот производител. Немојте да ја заборавате картичката. На неа напишете 5-6 реда, затоа што за нив е многу важно вниманието.

Тие не им обрнуваат многу внимание на цвеќињата, па може да купите и некој скромен букет. Не сакаат варијации, па ако им подарувате повеќе подароци, сите треба да бидат горе-долу со иста цена.

Владеат со куќата на здравјето. Сакаат подароци кои ќе ги одржуваат во топ форма, па месечна претплата за фитнес центар или масажа нема да е лоша идеа.

Предлози:

Месечна претплата за масажа или фитнес, ролери, паричник, стационарен велосипед, дневник, календар, растение, апарати за домаќинството, часовник, книга или фамилијарна игра, прибор за прва помош.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Вага

Вага

Вагите се под влијание на Венера, па ги привлекува сè што е убаво и артистично. Имаат специјален афинитет кон музиката и секогаш ценат добро CD кое ќе го додадат во нивната огромна колекција. Ако сакате да направите нешто навистина специјално за вага, купете 2 билети за на концерт – тие не сакаат да одат никаде сами.

Не се ограничувајте на само еден подарок. За вагите е многу поважно времето кое сте го истрошиле на нив, отколку вашите пари. Сакаат кога им се обрнува внимание.

Нив не ги интересира дали подарокот е скап или не, важно е да изберете нешто добро издизајнирано и убаво. Како и биковите и тие ги ценат релаксирачките и сензуални работи, па ако им платите третман масажа ќе ви бидат благодарни.

Исто така сакаат подароци кои можат да ги поделат со своите пријатели или со вас како вино, билети за на концерт или некој друг настан.

Жените ваги сакаат секогаш да изгледаат убаво и затоа добра идеа е да им купите убав сет шминки или рачно огледало.

Мажите ваги ја сакаат естетиката исто колку и жените. Треба да се потрудите подарокот да биде најелегантен што може. Опаковката е исто толку важна колку и самиот подарок. Сакаат подароци кои ќе ги потсетуваат на нивните најмили личности. Во нивниот подарок треба да ја внесете својата душа за вашиот подарок да има некаква важност.

Управуваат со куќата на соработката. Па подарете им нешто што ќе ги потсетува на вашата врска или пријателството. Албум со ваши слики, рамка со слика, визитник или телефонски бележник се одлична идеја.

Многу често сакаат сами да си избираат подароците, не поради тоа што не им веруваат на пријателите, а затоа што секогаш точно знаат што им треба. Тоа најчесто е поврзано со работата. Можете и да им купете и некаква игра, која ќе ги релаксира после напорната работа.

Нивна боја е бледа сина и розова. И мажите и жените изгледаат привлечно во оваа боја.

Предлози:

Чоколада, масажа или спа третман, паричник, уметничка слика, прибор за бричење, рамка за слика, облека со вкус, албум со слики од пријателите и фамилијата, лесна игра за после напорната работа, накит, слика од нивниот омилен актер или пејач, козметика, парфем.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Шкорпија

Шкорпија

Шкорпиите можеби ќе речат дека Божиќ или Нова година се само залудно трошење на пари. Но, и покрај нивните тврдења, тие ги сакаат подароците. Толку многу ги сакаат подароците што понекогаш си подаруваат сами. Но, ова не ја исклучува вашата должност да ѝ дадете подарок на вашата омилена шкорпија, без разлика дали е со повод или не. Особено добредојдени се подароците без повод. Но, ако ги заборавите на некој празник или на роденденот, вашиот грев нема да биде простен до крајот на нивниот живот.

Најсексуалниот, магнетски и страстен знак – шкорпијата е под влијанието на планетата Плутон. Таа е планетата на мистичното. Никој не сака да открива тајни повеќе од шкорпиите, па една книга од Агата Кристи на пример нема да е лоша идеа. Сакаат сè што ги подобрува нивните детективски вештини.

Подарете им нешто што ќе ги одделува од толпата и ќе ги прави посебни како мобилен телефон со необичен дизајн, убав и уникатен паричник, скапо вино или виски. Ако се работи за жена необична и оригинална облека или очила по последна мода ќе направат нејзиното срце да заигра.

Гласините за сексуалниот апетит на овој знак се точни, па подарете им заводлива долна облека или некоја играчка од секс шоп. Ако се работи за вашата омилена шкорпија, можете да купите нешто кое пред другите изгледа невино, но во себе носи еротска порака. Ако се работи за маж, сè што ја истакнува неговата сила е добредојдено.

Чувствителни се на миризби, па изберете добар парфем. Натпреварите и предизвиците се она кое што го обожаваат шкорпиите, па можете да им купите некаква игра која ќе биде предизвик за нив.

Никогаш не ги носете подароците неспакувани. Никогаш нема да го отворат подарокот на место во моментот кога ќе го добијат. Мистеријата треба да трае за изненадувањето да е поголемо.

Предлози:

Колонска вода, парфем, телескоп, свеќи, мистични или детективски книги, дневник, игра, книга за астрологијата, секси долна облека, уникатни очила или телефон со уникатен дизајн.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Стрелец

Стрелец

Оптимистите на хороскопот – стрелците се под влијанието на Јупитер кој што им дава способност во сè да ја бараат позитивната страна. Ако имаат три желби, првата ќе биде да ги поминат празниците или роденденот во далечна земја, втората – сите најблиски да бидат со него и да се забавуваат и третата – подарок кој ќе ги насмее.

Тие ценат секаков подарок, затоа што нив им е важен вашиот труд при изборот, а не самиот подарок. Поважен е гестот, отколку цената на подарокот.

Ако на стрелците не им се допаѓа подарокот, тие ќе ви кажат отворено. Па избегнете ги неудобните ситуации и на овој ентузијаст кој сака да биде на отворено купете му опрема за кампување или водоотпорни чизми.

Обожаватели се на миленичињата и ќе бидат воодушевени со секаков подарок поврзан со нивното милениче. Календар со слики од кучиња или коњи ќе предизвика голема насмевка.

Секогаш можете на овие љубители на авантури да им купите географски атлас, карта на светот, фотоапарат за да ги овековечат своите авантуристички патувања. Исто така можете да им подарите нешто што ќе ги олесни нивните авантури.

Ако вашата омилена личност е стрелец и имате на располагање многу средства, купете му билет за групна тура до некој остров. Особено ќе се израдува ако не бил никогаш таму.

Доколку сакате да му донесете нешто од странство, изберете нешто егзотично како кокос или огрлица од школки.

Не ја заборавајте картичката, затоа што тие очекуваат од вас еден голем гест дека ги цените. Опаковката е многу важна – подарокот треба да изгледа раскошно и елегантно.

Стрелецот е знак на филозофијата и религијата – тие се научниците на зодијакот. Подарете им нешто интелектуално како колекција од книги. Исто така сакаат да се коцкаат, па чипови за покер или шпил карти нема да се на одмет.

Предлози:

Телескоп, глобус или карта на светот, книга со шеги или филозофска книга, летање со параглајдер, колан, патување до некоја далечна земја или на кампинг, албум со егзотични места, шпил карти, кожен паричник или чанта.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Јарец

Јарец

Јарците се ориентирани кон кариерата и сакаат подароци кои се поврзани со нивната работа како лап топ, актовка или кожна столица. Верувањето дека јарците мислат само за работа, а не за забава, не е точно. Тие имаат голема дарба за хумор, па DVD со некоја хумористична серија ќе ги направи пресреќни.

За нив и не е толку важен подарокот. Многу поважни се личниот однос и грижата од ваша страна. Ќе им значи ако сте обрнале доволно внимание при изборот на подарок, а не колкава е неговата цена.

Исто како и девиците, преферираат практични подароци. Необичен сувенир или букет нема многу да ги воодушеват. Можете да им купите подарок кој ќе ја олеснува нивната секојдневна работа како правосмукалка или машина за кафе.

Ако не ви даде јарецот никаков коментар дека му се допаднал подарокот, немојте да се разочарувате. Дури и ако многу му се допаѓа вашиот подарок, нема да го дознаете тоа сè додека не го видите на неговото биро.

Ако е дел од вашето семејство, подарете му нешто топло и меко. Тие се многу чувствителни на студ, па можете да им подарите топли влечки, топло палто, калорифер, јорган или џемпер.

Сакаат лични подароци, па нема да погрешите ако го изгравирате нивното име на подарокот. Тие сакаат да знаат дека од тој момент па натаму тоа е нивна сопственост.

Ако јарецот не е од вашето друштво, подарете му нешто што ја покажува вашата почит кон него.

Родените во овој знак сакаат да се натпреваруваат, па некоја игра или опрема на пример за тенис и сл. нема да е лоша идеа.

Ако избирате подарок за жена јарец, видете ги прво боите во нејзиниот плакар, затоа што таа не сака да експериментира многу со боите. Жените родени во овој знак сакаат големи чанти и паричници.

Предлози:

Кожна актовка, кожен паричник, ѕиден часовник, тениска опрема, костум или вратоврска, добро шише вино, билети за театар, кујнски прибор или апарат.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Водолија

Водолија

Никогаш не можете да предвидите што сакаат во конкретен момент претставниците на овој знак. Една недела е јога, наредната фитнес или нешто др. Но, секогаш ја сакаат технологијата и прогресот. Тие се визионерите на хороскопот. Без разлика дали ќе им подарите DVD плеер или iPod, верувајте тие ќе бидат пресреќни.

Водолијата управува со глуждовите, па нема да погрешите ако им подарите повеќе различни пара чорапи.

Тие ја ценат уникатноста на подароците, затоа што тоа за нив значи дека е избиран специјално за нив и со многу внимание. Кога им подарувате нешто уникатно, измислете и некаква приказна, а ако не можете, тие ќе го направат тоа за вас и во ниту една прилика нема да заборават да ја раскажат.

Сè што е поврзано со универзумот, вселената, паранормалните појави и сè што е мистериозно ќе ги направи водолиите среќни. Купете им кристална топка или книга за некои светски тајни и нивните очи ќе блескаат од радост.

Клучот за да ги усреќите водолиите е да ги научите нешто што до сега не го знаат како некој нов спорт (јога, летање до параглајдер и сл.). Исто така ја сакаат музиката, па снимете им CD со нивната омилена музика и пуштете го на денот на нивната забава и ќе ја направите водолијата повесела од кога и да е.

Секогаш се облекуваат по последна мода, па некое модерно парче облека или аксесоар ќе биде добредојдено во нивната гардероба. При изборот треба да знаете дека нивната боја е сината. Иако тие се облекуваат според модата, секогаш врз себе имаат нешто уникатно кое ги дели од другите.

Најважното нешто е подарокот да ја покажува вашата смисла за хумор или вашата фантазија. Колку пооригинален и понеочекуван е подарокот, толку посреќни ќе бидат тие. Надворешниот изглед на подароците не е важен за водолиите. Во секој подарок ќе најдат нешто корисно, па и доколку немате добра фантазија не се разочарувајте.

Предлози:

DVD плеер, iPod, CD со нивната омилена музика, месечна претплата за часови по јога, научно-фантастични книги, чорапи, телефон, дигитална камера, телескоп.

« Назад

Подарок според хороскопскиот знак » Риби

Риби

Сакаат секакви видови мистични подароци, особено оние кои им помагаат да „избегаат“ од суровата реалност. Добар филм кој ќе им помогне за момент да се одделат од реалниот живот е добредојден. Книга со приказни или шише шампањ се одличен избор ако сакате да израдувате претставник на знакот риби. Тие се родени фотографи, па нема да погрешите ако им подарите камера или фотоапарат.

Рибите ја сакаат убавината и пред сè добриот дизајн, но и сè што е артистично. Најдобриот подарок е нешто што ќе ги задоволи нивните интереси како уметничка слика или билети за театар.

Исто така многу ја сакаат музиката, па на нивната прослава или изненадете ги со некоја од нивните омилени песни или едноставно подарете им CD со нивната музика. Сакате романтичен подарок? Изберете љубовна поезија и ќе го видите добриот ефект врз нив.

Дали подарокот ќе им се допадне или не зависи од нивното расположение, а него никој не може да го предвиди.

Управуваат до стапалата, па влечки, чевли, чорапи и слично не се лоша идеа. Ако се работи за вашата омилена риба, можете да ѝ направите масажа на стапалата. Тоа ќе ги направи пресреќни и ќе биде најдобриот подарок кој некогаш го добиле.

Поради стресот кој го доживуваат на работа, голем дел од рибите сакаат да се релаксираат со некаков спорт. Особено ги сакаат спортовите кои имаат допирни точки со нивниот елемент – водата. Можете да им платите крстарење некаде, билет за на базен или да им купете нов костум за пливање.

Најлоши подароци за рибите грубите работи. Исто така не сакаат работи кои испуштаат непотребни шумови, па ако им купувате на пример ѕиден часовник немојте да избирате од оние кои испуштаат звуци.

Тие се најдобриот знак за купување на подарок, затоа што нив не им е важен самиот подарок или цената на подарокот, а забавата која ја имаат додека го примаат.

Предлози:

влезници за Кино и концерт, чевли, чорапи, масажа на стапалата, фотоапарат или камера, аквариум со риби, CD со нивната омилена музика, музички инструмент, уметничка слика, парфем, ароматизирани свеќи.

« Назад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11428 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.