Почетна » Забава » Слободно време » Бојадисување на велигденски јајца

Бојадисување на велигденски јајца

Иако повеќето луѓе сакаат да ги бојадисаат велигденските јајца само во црвена боја, има многу семејства кои со задоволство сакаат да ја покажат својата креативност и од велигденските јајца да направат мали уметнички дела.

Еве неколку едноставни идеи за бојадисување на јајцата.

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

Јајца со ѕвездички

Исечете мали ѕвездички, крукчиња или други фигури од самолеплива хартија или купете готови оформени налепници. Залепете ги врз претходно сварено јајце и потопете гo во боја.

Кога јајцето ќе ја добие бојата што ја посакувате, извадете го и оставете го да се исуши. Потоа отстранете ги налепниците и премачкајте го јајцето со масло.

Ако остане дел од лепилото, маслото ќе ви помогне да го отстраните.

Шарени јајца со линии

Претходно сварените јајца врзете ги со неколку гумени ластичиња (употребете подебели за поубав ефект). Ставете ги во бојата за јајца и откако ќе ја добијат посакуваната нијанса, извадете ги. Оставете ги да се исушат и потоа отстранете ги ластичињата. Можете овде да завршите со бојадисувањето.

Но, за поубав ефект, ставете ги јајцата во втора боја. Овој пат ќе се бојадиса местото што останало необоено од ластичињата.

Јајца украсени со ливчиња

Земете лист од нане, од јагоди или од растение по ваш избор и поставете го врз јајцето. Потоа јајцето ставете го во најлон чорап и убаво врзете го чорапот за листот да не може да се поместува. Потопете го јајцето во бојата и откако ќе ја добие посакуваната нијанса, извадете го.

Веднаш отстранете ги чорапот и ливчето. Оставете го јајцето да се исуши.

Бојадисување со најлон со меурчиња

Најлоните со меурчиња освен за намалување на нервозата, можат да послужат и за лесно бојадисување на јајца. Премачкајте го најлонот со течна боја или седефаст желатин. Бојата најмногу ќе се задржи врз меурчињата.

Потоа внимателно протркалајте го јајцето преку бојата. Врз него ќе се обојат крукчиња.

За подобар ефект, откако ќе се исуши повторете ја постапката со друга боја.

Бојадисување со алуминиумска фолија

Земете неколку листови алуминиумска фолија, стуткајте ги, а потоа отворете ги. Врз секој од нив ставете различна течна боја за јајца или седефна боја.

Претходно свареното јајце ставете го во центарот на хартијата и завиткајте го. Нежно притиснете ја хартијата врз јајцето, извадете го и оставете го да се исуши.

Потоа повторете ја постапката и со другите бои.

Бојадисување со природни бои

За полесно да ги бојадисате, прво сварете ги јајцата. Потоа потопете ги во некој од подолу дадените раствори и оставете ги да стојат околу половина час. Извадете ги и премачкајте ги со масло.

  • Розови. Измешајте една чаша течност од конзервирано цвекло, ½ чајна лажичка оцет и 3 чаши вода.
  • Сини. За потемно сини јајца, употребете 1 чаша пурпурен сок од грозје, ½ чајна лажица оцет и 3 чаши вода. За посветло сини, во сад ставете листови од црвена зелка (1 чаша), 1 чајна лажичка оцет и 3 чаши вода. Варете ја смесата половина час и пред да ги ставите јајцата внатре, оставете ја да се излади.
  • Жолти. Во сад измешајте 1 чајна лажичка куркума, 1 чајна лажичка оцет и 3 чаши вода. Ставете ја смесата да се вари половина час. Откако ќе се излади, отстранете ја куркумата и потопете ги јајцата во течноста. Може да употребите и смеса од кора од еден портокал со 2 лажици оцет и 4 чаши вода.
  • Кафеави. Измешајте 1 чаша силно кафе со 1 чајна лажица оцет.
  • Портокалови. Во тенџере ставете надворешни лушпи од две главици кромид, додајте 1 чајна лажица оцет и 3 чаши вода. Варете половина час. Пред да ги ставите јајцата, извадете ги лушпите и оставете ја течноста да се излади.
Велигденски јајца - розова бојаРозово со цвекло Велигденски јајца - сина бојаСино со грозје Велигденски јајца - жолта бојаЖолто со куркума Велигденски јајца - портокалова бојаПортокалово со кромид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.