Почетна » Забава » Игри » Суши бар

Суши бар

Суши бар

Ги инвестиравте сите ваши пари во суши бар. Имате 7 дена да го разработите.

Навидум играта е лесна и едноставна, но воопшто не е така. Вашата цел е да ги исполнувате порачките на гостите пред да дојде крајот на нивното трпение. За да го продолжите нивното време на чекање, направете трик со готварскиот нож или послужете ги со саке. Откако ќе завршат со јадењето, тргнете ги чиниите за да ослободите место за нови клиенти.

Проверувајте како се прават нарачаните јадења во книгата со рецепти. Состојките за порциите се трошат, па ако залихата на одредена состојка е при крај, треба да порачате преку телефон. Како што ќе напредувате, ќе почнувате да добивате порачки за дома и барања за резервации.

На крајот на секој ден, имате шанса да купите нови надградби за вашиот ресторан, кои што ќе ја зголемат вашата брзина, ќе ја разубават атмосферата, а на гостите ќе им овозможат поквалитетна услуга и повеќе забава.

Играта го запаметува вашиот напредок и ако ја исклучите, наредниот пат продолжувате од каде што сте застанале.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.