Почетна » Забава » Видео » Слатко изненадување: Жена дознава дека станала баба откако ќерка ѝ посвои бебенце без да ѝ каже

Слатко изненадување: Жена дознава дека станала баба откако ќерка ѝ посвои бебенце без да ѝ каже

Среќната реакција на жена која дознава дека станала баба стопли илјадници срца. Нејзината ќерка и сопругот посвоиле бебенце без претходно да ѝ кажат за тоа.

Лаура и Џош Дел не можеле да имаат свое биолошко дете, па решиле да започнат процедура за посвојување. По една година чекање, 32-годишната жена и 34-годишниот маж дознале дека им е одобрено барањето за посвојување на 5-месечната Ели.

Сè се случувало многу брзо, па Лаура не успеала да ѝ ја каже среќната вест на мајка си. Подоцна решила слатко да ја изненади.

Реакцијата на новата баба била снимена и досега има 1,3 милиони прегледувања на YouTube. Погледнете ја:

Лаура и Џош го споделиле видеото со јавноста за да ги охрабрат луѓето да посвојуваат, зашто како што тврдат тие има многу деца кои чекаат да добијат свој дом. „Одлучивме дека ова е начин за да им покажеме на луѓето колку е убаво посвојувањето“ – вели мајката на Ели.

Лаура, Џош и Еми

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.