Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Се маскира во крадец за да ја преплаши својата девојка

ВИДЕО: Се маскира во крадец за да ја преплаши својата девојка

За да ги изненадат своите девојки, момците обично им приредуваат пријатни изненадувања. Но, Џорџ Дауд на својата сакана ѝ приреди мошне непријатно изненадување и оттогаш е нарекуван „најлошиот дечко на светот“.

Тој тајно влезе во станот на својата девојка и си стави маска каква што би носел крадец. Откако девојката пристигна со сестра ѝ и уште една пријателка, тој излезе носејќи во рацете телевизор и лаптоп, симулирајќи кражба. Девојките преплашени со врескање избегаа низ вратата, а нивниот страв предизвика и солзи.

Видеото на Џорџ стана голем хит на интернет. Во интервју за Good Morning America, трите девојки изјавија дека му простиле на Џорџ за невкусната шега, а тој призна дека сега е малку параноичен бидејќи очекува одмазда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.