Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Романтичен предлог за брак на плоштадот во Скопје

ВИДЕО: Романтичен предлог за брак на плоштадот во Скопје

Редовно на интернет гледаме видеа со инвентивни предлози за брак кои се случуваат далеку од нас, па редно беше да видиме некој доволно смел Македонец јавно да ѝ го постави големото прашање на својата избраничка.

Романтичарот Александар ја побара раката на својата девојка Еми на Плоштадот Македонија во Скопје. Додека „случајно“ Александар и Еми поминуваа покрај големиот екран на плоштадот, наместо реклама, се појави романтична порака: „Убаво е минатото со тебе во него/ Прекрасна е сегашноста со нас заедно/ А иднината? Не можам да ја замислам без тебе најсакана! Дали сакаш да бидеме заедно до крајот на нашиот живот? Ќе се омажиш ли за мене Еми?“

Еми со солзи на очите ја прифати понудата на Александар.

Честитки до среќниот пар!

Предлог за брак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11160 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.