Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: 365 слоја шминка нанесени наеднаш

ВИДЕО: 365 слоја шминка нанесени наеднаш

Сте се замислиле ли колку шминка користите во текот на една година? Уметничкото дуо Лернет и Сандер со своето ново видео им покажа на жените како би изгледало кога би нанеле на себе 365 слоја шминка, т.е. шминка за цела година.

Мејкап артистот Фери ван дер Нат и неговата асистентка потрошиле вкупно 7 шишенца пудра, 2 шишенца кремаста сенка за очи, 3 моливи за усни и 2 шишенца руменило за да ја остварат целта.

Биле потребни 9 часа за лицето на моделот Ханелор Кнутс да стане од природно убаво, до одвратно. Иронично, видеото е со наслов „Природна убавина“.

Видеото и нема некоја поента. Но, со поента или не, интересно е да се види колку шминка би искористиле под претпоставка дека се шминкате секој ден.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10394 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.