Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » Што и кога да јадете после вежбање?

Што и кога да јадете после вежбање?

Кога да јадете?

Многу голема заблуда распространета меѓу луѓето е дека не треба да се јаде веднаш после вежбање. Тоа е сосема погрешно. Најдобро е да јадете колку што е можно побрзо откако ќе завршите со вашиот тренинг.

Здрава храна после вежбањеМногу е важно да јадете 30-60 минути после вежбање.

Ако чекате премногу долго, вашето тело ќе ја складира храната како масти, наместо да ги „нахрани“ мускулите. Препорачливо е да имате мал оброк во периодот од 30-60 минути по вежбањето. Тој период се нарекува „златен час“ и тогаш мускулите се најсклони да ги примаат хранливите материи од храната која ќе ја внесете и ја надоместуваат изгубената енергија.

Што да јадете?

Многу луѓе се чувствуваат многу гладни после вежбање и тоа може да предизвика прекумерно јадење и консумирање на погрешна храна. Во идеален случај, би требало да внесете 50% од калориите што сте ги потрошиле со физичка активност. Така, ако сте согориле 600 калории, внесете 300 калори веднаш после вежбањето.

Храната која што ќе ја јадете после вежбање, треба да содржи протеини и витамин А, за да им помогнете на мускулите да се опорават.

Храна за после вежбањеПосле вежбање внесувајте полесна храна како моркови, јаткасти и сушени плодови, сенвич со туна или спанаќ.
  • Моркови и сок од моркови;
  • Манго;
  • Сушено овошје како кајсии;
  • Јаткасти плодови;
  • Црвени пиперки;
  • Компири;
  • Спанаќ;
  • Јајца и препечен интегрален леб;
  • Јогурт со овошје;
  • Милк шејк или бананов шејк;
  • Ниско масно чоколадно млеко;
  • Сендвич со туна.

Консумирајте и многу течности. Со еден час вежбање со средно темпо, вашето тело ќе изгуби околу 4 чаши вода. Затоа, обидете се да внесете 500-600ml вода веднаш после вежбањето. Ако потите повеќе од нормално или вежбате кога времето е топло, со потта се губат и електролити и минерали. Затоа може да консумирате и спортски пијалоци за да ги надоместите електролитите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11074 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.