Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » Вежби за да изгледате фантастично во бикини од фитнес гуру на Instagram

Вежби за да изгледате фантастично во бикини од фитнес гуру на Instagram

Сончевото време го означува почетокот на бикини сезоната и секоја припадничка на понежниот пол копнее да изгледа фантастично во костимот за капење. Кејла Ицинес е фит девојка која инспирира илјадници да си ја подобрат фигурата и да се гордеат со неа додека уживаат на плажа.

23-годишната Австралијка работи како личен тренер, но секогаш издвојува време за да сподели вежби и совети со своите лојални следбенички на социјалните мрежи. Со над 700.000 следбеници на Instagram, таа е една од таканаречените фитнес гуруа.

Кејла Кејла Кејла Кејла Кејла

Неодамна Кејла сподели вежби за тело од соништата. Тренинзите се фокусираат на нозете, рацете и стомакот.

Секој кружен тренинг е составен од две серии со по четири вежби. Четирите вежби треба да се прават во период од седум минути. (Започнувате од првата и ги правите по ред. Ако не изминале седум минути кога ќе ја завршите четвртата, започнувате повторно од првата). Штом ќе завршите со првата серија, продолжувате со втората, а потоа сето тоа го повторувате уште еднаш (4 серии х 7 минути = 28 минути).

Вежби за нозе

Серија I

Кејла Кејла

Серија II

Кејла Кејла

Вежби за раце

Серија I

Кејла Кејла

Серија II

Кејла Кејла

Вежби за стомак

Серија I

Кејла Кејла

Серија II

Кејла Кејла

Дополнителни совети од Кејла

  • Заменете го белиот ориз со кафеав или со киноа.
  • Документирајте го напредокот со „селфи“. Кога секојдневно се гледате во огледало, потешко можете да ги забележите промените. За да се мотивирате, пожелно е да гледате како напредувате, а тоа најлесно може да го направите преку селфи фотографии.
  • Помалку е повеќе. Многумина се обидуваат за многу кратко време да постигнат многу. Најчестата причина за неуспех е пренапорни тренинзи во комбинација со консумирање на премалку калории и недоволно одмор. Тоа резултира со голем стрес кој го спречува слабеењето.
  • Пред секој тренинг, практикувајте брзо одење 5 минути.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.