Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » 8 фитнес грешки кои ги прават жените

8 фитнес грешки кои ги прават жените

Ако тренирате редовно во фитнес сала или ако вежбате дома, а не гледате резултати, не прекинувајте со физичката активност. Внимателно разгледајте го планот за вежбање по кој што се ориентирате и оценете дали во него има некои пропусти.

Жена што вежбаПред секој фитнес тренинг практикувајте вежби за растегнување и со нив завршувајте го тренингот.

Еве некои од најчестите грешки кои жените ги прават во вежбањето:

  1. Големи очекувања за краток период. Голем број на жени влегуваат во фитнес салата со план да вежбаат еден-два месеци и за тоа време да ослабат 5-6 килограми или да ја намалат обиколката за 7-8cm. За жал, работите не се одвиваат баш така. Вежбањето треба да ви биде начин на живот, а не привремена активност пред летниот период. Редовното вежбање сигурно ќе ви донесе резултати, само што треба да бидете упорни и мотивирани.
  2. Нередовно вежбање. Ако си барате изговори и го изоставите вежбањето одреден период, ќе го загубите ритамот на вежбање што сте го развиле кога сте практикувале редовни тренинзи. Погрешно е да си мислите дека ако сте пропуштиле да вежбате во последните две седмици, ќе можете тоа да го надоместите со засилен тренинг и двојни серии. Така ризикувате да се превежбате, а тоа води до зголемен крвен притисок, забрзан ритам на срцето, дехидратација, загуба на кислород и сл. Потребно е да најдете баланс.
  3. Започнување на фитнес тренинг без вежби за растегнување и загревање. Ако ги исклучите вежбите за растегнување и за загревање, ризикувате да се здобиете со повреди и ја намалувате ефективноста на тренингот. Пред секој фитнес тренинг практикувајте вежби за растегнување и со нив завршувајте го тренингот. Покачете го малку и ритамот на срцето со помош на десетминутно возење на стационарен велосипед или скокање со јаже.
  4. Само стомачни вежби за слабеење на стомакот. Без разлика колку стегнати стомачни мускули имате, ако не се ослободите од вишокот масни наслаги на стомакот, нема да имате рамен стомак. За да го отстраните несаканото „сало“, не ви се потребни само стомачни вежби. Задолжително треба да правите кардио вежби и да го намалите внесувањето на калории.
  5. „Многу се важни резултатите на вагата“. Килограмите кои ги покажува вагата треба да ви бидат важни и да ве мотивираат, но не треба да очекувате секојдневно да гледате резултати. Вежбите за зацврстување на телото може да покажуваат резултати на вашиот изглед, а да не покажуваат на килограмите. Најдобро е да ја оценувате ефективноста на вежбањето според тоа како ви стои облеката или како се чувствувате вие во вашето тело.
  6. Избегнување на вежби со тегови. Многу жени се плашат дека ќе станат премногу мускулести и применуваат само кардио вежби и ги избегнуваат вежбите со тегови. Но, секој тренинг треба да биде балансиран – потребни се и кардио и вежби со тежина. Жените имаат многу помалку тестостерон во своето тело од мажите, па поради тоа нормалното вежбање со тегови не може да направи да изгледаат како бодибилдери. Ако телото има поголема мускулна маса, согорува повеќе калории, дури и кога мирува. Затоа, за да го оформите своето тело, не треба да ги прескокнувате вежбите со отпор и тежина.
  7. Започнување со кардио вежби, па потоа вежбање со тежина. Погрешно. Секогаш треба да започнувате со вежбите со отпор и тегови, затоа што во спротивно ризикувате да немате енергија за нив откако ќе ги направите кардио вежбите. За најбалансиран тренинг, започнете со 10 минути вежби за загревање, продолжете со 20-30 минути вежби со тегови или на фитнес справи со отпор и завршете со 20-30 минути кардио вежби.
  8. Практикување на ист фитнес план долго време. Многу е важно да имате фитнес план по кој ќе се ориентирате, но исто така е важно и да го менувате и надградувате тој фитнес план. Ако практикувате иста рутина секој пат, со текот на времето телото се навикнува на вежбите и започнува да согорува помалку калории. Истите вежби кои што на почетокот ви носат резултати, по одреден период ја губат ефективноста. Затоа, правете разнообразни вежби и зголемувајте ја интензивноста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.