Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Зачувајте ги килограмите по завршувањето на диетата

Зачувајте ги килограмите по завршувањето на диетата

Секоја жена барем еднаш во животот се обидела да се придржува кон одредена диета. Денес кога слабото, одржано женско тело е моден хит, нема како да останете рамнодушни на диетите.

Да, точно е дека со помош на диета се губат килограми, но што се случува откако ќе престанете да се придржувате кон неа? Ако не им одолеете на искушенијата од брзата пржена храна, алкохолот и слаткото, килограмите повторно ќе нападнат. Тоа е добро познатиот јо-јо ефект на диетите.

Диета
Бидете активни и консумирајте повеќе свежа храна, за да ги зачувате посакуваните килограми по завршувањето на диетата.

За да не се случи тоа и да ги задржите посакуваните килограми за кои толку многу сте се труделе да ги достигнете, не треба да ги прекршувате следните правила:

  1. Јадете бавно. Уживајте во храната, додека ја јадете бавно. Вашето тело ќе ви каже кога сте најадени пред да сте претерале. Никогаш не јадете пред телевизор, затоа што ви го одвлекува вниманието и најверојатно ќе внесете повеќе храна, отколку што ви е потребна.
  2. Зголемувајте ги порциите постепено. Ако сте биле на диета 10 дена, тогаш во наредниот месец треба постепено да го зголемувате количеството храна што го консумирате. Во никаков случај не му се враќајте на стариот начин на живот, кој што претходно ви ги донел вишокот килограми.
  3. Внесувајте пресна храна. Избегнувајте ја конзервираната и замрзнатата храна. Подобро е зеленчуците и овошјето да ги јадете пресни без да ги готвите. Така тие ќе содржат помалку калории и ќе ги задржат сите витамини и минерали.
  4. Растоварете го организмот. Одберете си еден ден во месецот во кој ќе јадете само овошни плодови. Ако не сте обожавател на овошјето консумирајте и зеленчуци. Поиздржливите од вас можат да преминат еден ден само на течности како чаеви и 100% природни сокови.
  5. Кажете ѝ „не“ на храната после 20 часот. Избегнувајте ја храната во доцните вечерни часови. Последниот оброк нека ви биде 2-3 часа пред спиење. Така организмот ќе има доволно време да ја обработи пред да заспиете.
  6. Бидете активни. Заседнатиот начин на живот е најголем сојузник на вишокот килограми. Затоа, по завршувањето на диетата зголемете ја вашата физичка активност. Движете се пешки колку што е можно почесто. Прескокнете го лифтот и искачувајте ги скалите. Одете на прошетки во природа и занимавајте се со спорт неколку пати во неделата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.