Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 9 грешки во вашиот план за диета

9 грешки во вашиот план за диета

Балансирана диета во комбинација со физичка активност е најдобрата формула за слабеење и одржување на тежината. Но, ние сме навикнати секогаш кога сакаме да скинеме некое килце, да го избираме најбрзиот и најекстремниот начин да го направиме тоа. Затоа, многу често гладуваме, а стрелката на вагата никако не оди надолу.

Строга диета
Строгите диети ветуваат брзо топење на килограмите, но предизвукуваат јо-јо ефект.

За да не се најдете во таква ситуација, потребно е да знаете што ѝ попречува на вашата диета да даде резултати. Еве ги најчестите грешки во вашиот план за диета и совети како да ги избегнете.

  1. Строга диета. Строгите диети, според кои се јаде многу мало количество храна и со кои се внесуваат помалку од 1000 калории дневно, ветуваат брзо топење на килограмите. Но, тие предизвикуваат и јо-јо ефект. Зошто? Кога внесувате малку калории, работата на метаболизмот се забавува. Кога ќе ја завршите диетата, вие останувате со тело кое согорува помалку калории, а вие ќе внесувате многу повеќе. Така лесно се трупаат килограми, дури и побрзо од пред да ја започнете диетата.
  2. Прескокнување на појадокот. Прескокнувањето на појадокот изгледа како едноставен и лесен начин да скратите калории, но тоа го засилува гладот во текот на остатокот од денот. Пропуштањето на појадокот доведува до неконтролирано хранење за ручек и вечера или до постојано „грицкање“ во текот на целиот ден. Така неосетно вие внесувате многу повеќе калории и јадете многу поголеми порции.
    Појадокот, кој е богат со протеини и растителни влакна, го намалува гладот во текот на денот. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат појадок секој ден, полесно одржуваат здрава и нормална телесна тежина.
  3. Неконтролирано „грицкање“. Вие можеби ги броите и планирате калориите кои ги внесувате со секој оброк, но прашањето е дали обрнувате внимание на сите грицки, кои ги консумирате неосетно во текот на денот.
    Ако сакате вашата диета да даде резултати, потребно е да водите сметка за секој залак кој го внесувате. Избегнувајте го нервозното грицкање и пресметувајте ги сите калории, кои реално ги внесувате.
  4. Прескокнување на ужината. Навистина неконтролираното грицкање носи дополнителни непосакувани килограми, но од друга страна планираните ужини помагаат да ја одржувате линијата.
    Луѓето кои имаат неколку мали ужини во текот на денот, полесно го контролираат својот глад и губат килограми. Ужината богата со протеини, ја одржува брзата работа на метаболизмот, а со тоа вие согорувате повеќе калории. Јаткастите плодови се идеалната ужина. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат јаткасти плодови за ужина се послаби, од оние кои што не консумираат.
  5. Игнорирање на калориите што ги пиете. Кога држите диета, треба да внимавате колку калории внесувате. Многу често луѓето забораваат дека пијалоците може да содржат многу калории. Тоа е голема грешка, имајќи предвид дека некои интересни нестандардни коктели или кафиња може да содржат повеќе од 400 калории.
    Колку и калорични пијалоци да испиете, тие нема да ве заситат. Затоа, кога сте на диета, внимавајте што пиете.
  6. Консумирање на малку вода. Скоро сите планови за диета содржат консумирање на поголемо количество вода. Ако дозволите вашето тело да дехидрира, метаболизмот забавува, а тоа води до помала загуба на телесна тежина.
    Истражувањата покажуваат дека возрасните кои пијат барем 8 чаши вода дневно, согоруваат повеќе калории, отколку тие што пијат помалку.
  7. Слабеење без физичка активност. Без физичка активност, вие можете да слабеете само благодарение на диета. Ако сте поактивни, можете да јадете повеќе, а сè уште да губите килограми. Потребно е да најдете активност која ви се допаѓа. Ако возењето на стационарен велосипед ви е досадно, обидете се со аеробик, Тае Бо или пливање. Само ако ви е интересно, ќе сакате да ја практикувате таа активност повеќето дена во неделата, а така ќе го оформите и одржувате вашето тело во топ форма.
  8. Поставување на нереални цели. Поставувањето на реална цел е основата на секој успешен план за диета. Ако си поставите цел да изгубите 5 килограми за една седмица, дури и ако изгубите 3kg, вие нема да бидете задоволни.
    Доколку не сте сигурни која цел ќе можете да ја достигнете, побарајте повеќе информација на интернет или консултирајте се со диетолог.
  9. Секојдневно мерење на тежината. Секојдневното застанување на вага може да ви донесе само разочарување и фрустрации.
    Многу поохрабрувачки делува кога ќе се израдувате со изгубени два или три килограми наеднаш, отколку секојдневно да се обидувате да се мотивирате со изгубени 100 или 200 грама.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11172 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.