Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 5 совети како да согорите повеќе калории

5 совети како да согорите повеќе калории

Развијте поголема мускулна маса. За разлика од масните наслаги, мускулите остануваат активни и кога телото мирува. Дури и најмалите контракции на мускулите водат до согорување на калории.

Осигурете си добар сон. Денес многу истражувања ја докажале врската меѓу сонот и килограмите. Стремете се да си осигурите квалитетен мирен сон, затоа што недостигот на сон води до зголемување на телесната тежина.

Жена што крева тегови
Развијте поголема мускулна маса, затоа што дури и најмалите контракции на мускулите водат до согорување на калории.

Бидете активни. Секоја активност на телото води до согорување на калории. Така на пример пеглањето на алишта (1 час) согорува 130 калории, шопингот (3 часа) – 641 калории, страсното водење љубов (30 минути) – 250 калории и т.н.

Спортувајте. На сите ни е јасно колку е важно спортувањето, не само за добар надворешен изглед, но и за одржување на добро здравје. Различните спортови ни помагаат да согориме различен број калории. Одберете си спорт за кој што имате услови и не го избегнувајте.

Пример:

Скијање (1 час) – 500 до 700 калории

Фитнес и аеробик (1 час) – 300 до 600 калории

Пливање (1 час) – 300 калории

Изложувајте се на различна температура. Секоја малку поекстремна температура му помага на телото да согорува повеќе калории. Затоа, температурата во спалната одржувајте ја пониска.

Овие совети ќе ви помогнат да согорите повеќе калории. Колку точно калории ќе согорите зависи од возраста, тежината, полот и други фактори.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10384 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.