Тридневна диета

Што претставува?

Тридневната диета се базира на консумирањето на точно одредени храни, кои ја забрзуваат работата на метаболизмот и вие согорувате многу повеќе калории, отколку вообичаено.

Диетата трае три дена и не треба да се повторува без да се направи пауза од 4-5 дена.

Задолжително е да се јадат точно посочените храни во препорачаните количини, т.е. дури и да не сте гладни треба да ја изедете храната која ви е препорачана. Во спротивно, креаторите на оваа диета, предупредуваат дека нема да ги постигнете посакуваните резултати.

Каков е ефектот?

Жена со метро
Тридневната диета е краткотрајна диета со која се губат до 5kg.

Со тридневната диета се губат околу 5 килограми за три дена. И покрај добрите резултати кои ги дава, оваа диета не е добро решение за губење на телесна тежина во долгорочен план.

Тридневната диета е краткотрајна диета со краткотрајни резултати. Најголем дел од луѓето кои се придржуваат кон оваа диета, си ги враќаат изгубените килограми и се добива јо-јо ефектот.

Бидејќи оваа диета е сиромашна со јаглехидрати, возможно е изгубената тежина да е резултат на изгубена вода од организмот. Тоа е така затоа што јаглехидратите имаат способност да задржуваат вода во телото.

Внесувањето на помалку јаглехидрати со оваа диета предизвикува губење на вода од организмот, која вода веднаш по завршувањето на диетата се враќа, а со неа и килограмите.

Тридневен план за исхрана

Прв ден

Појадок: кафе без шеќер, 1 банана, 1 парче леб препечено на тостер и премачкано со една супена лажица путер од кикиритки.

Ручек: ½ конзерва туна, 1 парче леб препечено на тостер, кафе или чај без шеќер.

Вечера: 85g кревко месо без маснотии или пилешко, 1 чаша грашок, 1 чаша моркови, 1 јаболко, 1 чаша обичен сладолед од ванила.

Втор ден

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 јајце, 1 парче леб препечено на тостер и ½ банана.

Ручек: 1 чаша изварка или туна, 8 солени крекери со нормална големина.

Вечера: 2 кренвиршли од говедско месо, 1 чаша брокули или зелка, ½ чаша моркови, ½ банана, ½ чаша обичен сладолед од ванила.

Трет ден

Појадок: 5 солени крекери со нормална големина, 28g кашкавал чедар, 1 јаболко и чај или кафе без шеќер.

Ручек: кафе или чај без шеќер, 1 варено јајце и 1 парче леб препечено на тостер.

Вечера: 1 чаша туна, 1 чаша моркови, 1 чаша карфиол, 1 чаша диња и ½ чаша обичен сладолед од ванила.

Дозволени замени

Портокал, наместо грејпфрут;
Туна, наместо изварка и обратно;
Јогурт, наместо сладолед;
Карфиол, наместо брокули и обратно;
Грашок, наместо брокули или карфиол;
Парче леб препечено на тостер, наместо 5 крекери и обратно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.