Лимонова диета

Лимоните имаат неверојатен ефект врз нашата телесна тежина. Тие ги елиминираат токсините од телото и го подобруваат нашето здравје, а во истото време го намалуваат вишокот килограми.

Оваа седумдневна диета со лимон ќе ви помогнe да си ја вратите енергијата и телото во топ форма.

Лимон и лимонада.
Лимонот и лимонадата помагаат за намалување на телесната тежина.

Понеделник

Првиот ден треба да го подготвите телото за диетата, така што ќе започнете да му помагате да ги исфрли непотребните токсини. Но, тоа не значи да гладувате. Јадете пресни плодови и зеленчуци. На крајот на првиот ден ќе се чувствувате полни со енергија и полесни за 500g-1kg (во зависност од вашата тежина).

Започнете го утрото со чаша лимонада. 30 минути откако ќе се разбудите, време е за вашиот појадок.

Појадок: овошна салата од боровинки, јаготки, капинки, цреши; јаболко и нискомаслен јогурт; една шака несолени пресни бадеми.

Ужина: чаша лимонада; банана и една шака семки од сончоглед или тиква.

Ручек: грашок или леќа зачинети со маслиново масло, оцет и лимон.

Вечера: риба на скара со сок од лимон; зеленчуци приготвени на пареа.

Пред спиење: една чаша млака или топла лимонада.

Вторник

Целта ви е да пиете колку што можете повеќе лимонада (на собна температура), во текот на целиот ден, од моментот кога ќе се разбудите.

Веднаш откако ќе се разбудите, испијте една чаша пресно исцеден лимон и топла минерална вода.

Појадок: овошна салата со овошје по избор; нискомаслен јогурт; 2 супени лажици овес; 300ml млеко од соја.

Ужина: 8 несолени пресни бадеми; една чаша пресно исцеден овошен сок.

Ручек: домашна зеленчукова супа; сендвич со црн леб и изрендано сирење.

Ужина: 2 диетални овесни колачиња и 1 домат.

Вечера: риба или пилешко на скара; сос од 3 супени лажици маслиново масло, една супена лажица сок од лимон и ½ лукче; листен зеленчук (спанаќ, зелка).

Пред спиење: една чаша млака или топла лимонада.

Среда

Насочете се кон храна богата со витамин Ц за согорување на масните наслаги. Веднаш откако ќе се разбудите испијте една чаша со сок од лимон со топла минерална вода.

Појадок: 1 варено јајце; 2 парчиња интегрален леб намачкани со тенок слој путер; 1 домат; 1 јаболко; 300ml млеко од соја.

Ужина: 2 пресни или сушени кајсии; неколку несолени кикиритки.

Ручек: По 3 супени лажици грашок, грав, домати и зелени пиперки со сок од лимон; 1 парче интегрален леб; 1 чинија зелена салата, зачинета со лукче; 1 кива.

Ужина: 1 диетално овесно колаче и јаготки.

Вечера: зеленчуци (домати, спанаќ, компири, ориз) приготвени на пареа; банана со 2 коцки темно чоколадо.

Четврток

Започнете го денот со чаша пресно исцеден сок од лимон, растворен во топла вода.

Појадок: капинки и јаготки измешани со 2 супени лажици овес; 300ml млеко од соја.

Ужина: овошна салата со сок од лимон; 30ml млеко од соја.

Ручек: 1 парче интегрален леб премачкано со тенок слој путер; салата од грашок; јогурт.

Ужина: 1 супена лажица семки од сончоглед и грозје.

Вечера: риба печена во рерна со сок од лимон; различни зеленчуци; едно топче сладолед од чоколадо со исечкани лешници.

Петок

Намалете го количеството шеќер кое го внесувате. Стандардно започнете го денот со сок од лимон и топла минерална вода.

Појадок: направете си милкшејк од банана - 300ml млеко, 2 мали банани; 1 супена лажица суво грозје; 2 парчиња интегрален леб премачкани со тенок слој путер.

Ужина: сушено овошје.

Ручек: салата од домати, грашок и изрендано сирење; 1 круша или праска.

Ужина: неколку зеленчуци по избор.

Вечера: полнети пиперки со 4 супени лажици ориз, домати и 60gr фета сирење; зеленчуци по избор приготвени на пареа.

Сабота

Петокот е ден на мастите. Иако тие се богати со калории, потребно е да се внесуваат во умерена количина.

Започнете го денот со чаша топла вода со сок од лимон.

Појадок: 1 тврдо варено јајце; 1 домат; 1 парче интегрален леб; неколку капинки.

Ужина: 1 шака јаткасти плодови (лешници, бадеми, ореви); 300ml млеко од соја.

Ручек: риба на скара; 1 краставица; јогурт.

Ужина: 1 праска; 1 шака суво грозје; 1 шака семки од сончоглед.

Вечера: туна со зеленчуци приготвени на скара; суво овошје.

Недела

Како и секој ден и овој започнете го со една чаша со сок од лимон и топла минерална вода.

Појадок: салата од пресно овошје; јогурт со 2 супени лажици овес; 300ml млеко од соја.

Ужина: сок од пресно овошје; 1 шака јаткасти плодови.

Ручек: мало авокадо со скариди; салата со лимон, маслиново масло и оцет; 1 јаболко.

Ужина: 1 парче интегрален леб со изрендано сирење.

Вечера: омлет со 2 јајца, исечкани печурки, 3 супени лажици изрендано сирење и маслиново масло; зеленчуци на скара; 1 мала банана; неколку јагоди.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.