Диетата South Beach

Диетата South Beach (Јужна плажа) е режим на исхрана за брзо слабеење и подобрување на здравјето. Создадена е од д-р Артур Агатсон, кардиолог во Мајами. Оваа диета не се базира на минимизирање на јаглехидратите или мастите. Во неа се препорачуваат само оние јаглехидрати и масти кои се корисни за организмот.

Како дејствува диетата?

Жена и здрава хранаХраната што содржи штетни јаглехидрати, заменете ја со зеленчуци.

Храните кои содржат штетни јаглехидрати се заменуваат со салати, готвени зеленчуци, риба, пилешко и мисиркино месо, нискомаслени млечни продукти. Јајцата припаѓаат во дозволените храни, затоа што нивната жолчка е богата со витамин Е. Додека се практикува оваа диета не е потребно да се пресметуваат внесените калории. Секој ден се јадат по три балансирани главни оброци до задоволување на апетитот. Дополнително се дозволени три ужини меѓу оброците.

Со диетата South Beach телесната тежина се намалува за средно од 3.5 до 6 килограми, масните наслаги околу стомакот се топат и се зголемува добриот холестерол во организмот.

За да го постигнете тоа, подгответе се за трите фази на оваа диета.

Трите фази

Прва фаза. Оваа фаза е најстрога и трае две недели. За време на оваа фаза, вашата тежина ќе се намали за 3.5-6 килограми. За да не чувствувате глад, јадете 6 пати на ден.

Дозволени храни: нискомаслени сирења и изварка, јајца, телешко и говедско месо без маснотии, сите видови на риба и морски продукти, сланина со минимум маснотии, пилешки и мисиркини гради (без кожата), мисиркина шунка, домати, пиперки, карфиол, модри патлиџани, зелка, краставици, грав, грашок, брокули, спанаќ, тиквички, печурки, какао, желе без шеќер, маслиново масло, ореви, лешници, кикири, бадеми. Можете да пиете вода, чај и кафе.

Забранети храни: високомаслени сирења, пилешки крилца или бутчиња, овошје, овошни сокови, леб, ориз, тестенини, пченка, компири, моркови, пушена шунка, торта, бонбони, шеќер и сите видови на алкохол.

Втора фаза. Оваа фаза е продолжение на првата. Кон дозволени храни се додаваат многу од храните кои беа забранети во првата фаза. Нејзиното времетраење зависи единствено од вас. Диетата се практикува додека не ја постигнете посакуваната тежина. Во оваа фаза слабеењето е побавно, затоа што многу од забранетите во првата фаза храни, сега се дозволени. Со секоја измината седмица треба да слабеете со половина до еден килограм. Доколку тоа не е така, треба да ги намалите јаглехидратите кои ги внесувате.

Во дозволените храни вклучете: зрнести храни, кафеав ориз, леб, тестенини, праски, манго, грозје, портокали, грејпфрут, јаболка, боровинки и темно чоколадо.

Трета фаза. Оваа фаза е најлиберална и се препорачува да стане ваш начин на живот. Можете да јадете 6 пати на ден, но повеќето луѓе кои ја практикувале оваа диета се откажуваат од ужините, затоа што не чувствуваат глад. Целта е да ги избирате и внесувате само „добрите“ јаглехидрати (овошје) и „добрите“ масти (ненаситените). „Лошите“ јаглехидрати како тестенини од бело брашно и слатки да се избегнуваат.

За време на сите фази треба да пиете витамини и барем 1.5 литар вода. Ако ја покачите вашата тежина, вратете се на првата фаза и потоа продолжете да се храните балансирано.

Примерно мени

Еве неколку примери за тоа како би требало да изгледа вашето мени за еден ден, ако ја практикувате диетата South Beach.

Прва фаза:

Варијанта 1:

Појадок: 250g сок од домат, 2 варени јајца, 2 тенки парчиња сланина, кафе или чај.

Ужина пред ручек: 2 средни по големина пиперки со 20g кашкавал.

Ручек: исечкано на ситни парчиња 200g пилешко месо со салата од зелка.

Ужина после ручекот: 100g изварка со 2 средни по големина домати и 1 краставица.

Вечера: зеленчуци по избор, приготвени во фурна; 2 јајца и печурки со зачини.

Ужина после вечерата (десерт): јогурт со ниска масленост.

Варијанта 2:

Појадок: домати и печурки печени на скара со парче сланина; 150ml сок од домат.

Ужина пред ручек: краставици со нискомаслено сирење.

Ручек: зеленчуци со моцарела во фурна.

Ужина после ручекот: домат со нискомаслено сирење.

Вечера: риба со салата од зеленчуци и зелка.

Ужина после вечерата (десерт): крем од ванила.

Варијанта 3:

Појадок: јајца пржени со маслиново масло; едно парче сланина; кафе или чај.

Ужина пред ручек: 30g ф`стаци.

Ручек: телешко со мешана салата.

Ужина после ручекот: парче сирење со минимална масленост.

Вечера: пилешки гради на скара со зеленчуци.

Ужина после вечерата (десерт): сладолед без шеќер.

Втора фаза:

Варијанта 1:

Појадок: едно печено парче црн леб со парче сланина и печурки; кафе или чај без кофеин.

Ужина пред ручек: еден мал грозд грозје.

Ручек: салата со туна во кифла.

Ужина после ручекот: една круша.

Вечера: телешки стек на скара со печен кромид; домати и печурки.

Ужина после вечерата (десерт): јаготки со чоколадо.

Варијанта 2:

Појадок: едно печено парче црн леб со печени домати и печурки; кафе или чај и без кофеин.

Ужина пред ручек: 100g боровинки.

Ручек: мешана салата во кифла.

Ужина после ручекот: краставица со нискомаслено сирење.

Вечера: пржена риба со зеленчуци приготвени на пареа.

Ужина после вечерата (десерт): крем со цреши.

Варијанта 3:

Појадок: половина грејпфрут; едно печено парче црн леб со нискомаслено сирење; кафе или чај.

Ужина пред ручек: 100g кисело млеко со ниска масленост.

Ручек: салата од домати, краставици, кромид, маслинки и сирење со кифла.

Ужина после ручекот: едно јаболко.

Вечера: пржено пиле со зеленчуци и салата.

Ужина после вечерата (десерт): овошна салата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.