Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Ријана

Диетата и фитнесот на Ријана

Mладатa, атрактивна пејачка, во последно време постојано се наоѓа на насловните страници на таблоидите. Нејзините облини ги привлекуваат машките погледи, а таа изгледа сè поубаво и поубаво. На што се должи тоа?

Диетата

Јас ги сакам јаглехидратите, но на крајот на денот јаглехидратите се непријатели.

Ријана

Ријана
Ријана ги избегнува јаглехидратите во својата исхрана и вежба со персонален тренер.

Диетата на Ријана содржи многу малку јаглехидрати. Таа ги исфрлува од својата исхрана лебот и тестенините. И со право го прави тоа.

Последните истражувања покажуваат дека луѓето кои што избегнуваат јаглехидрати слабеат побрзо, отколку оние кои што во исхраната избегнуваат протеини.

Ријана не е обожавател на строгата диета. Таа кажува дека се обидува да се храни здраво и да вежба редовно, а килограмите сами исчезнуваат, без да обрнува специјално внимание на тоа.

Популарната пејачка не ги прескокнува оброците и има ужина на секои четири часа.

Консумирањето на многу течности е дел од секојдневието на екстравагантната Ријана.

Примерен план

Појадок: ананас и вода со сок од лимон.

Ручек: супа.

Вечера: пилешко месо.

Ужина: белки од јајца и овошје.

Фитнесот

Ријана вежба со свој приватен тренер кој патува со неа кога таа има некој важен настап. Во интервју за Fabulous magazine, Ријана отворено признава дека без тренер вежбањето не ѝ е толку забавно и дека тој ѝ е потребен за да ја мотивира.

Со својот тренер таа вежба три пати неделно. Нејзиниот тренинг вклучува кардио вежби и вежби за мускулите. Иако не е обожавателка на мускулести раце, таа вежба и за зацврстување на мускулите на рацете.

Голем дел од нејзините вежби се со цел нејзиниот задник да изгледа така прекрасно како што и изгледа.

Сакам мојот задник да изгледа совршено. Така облеката стои поубаво и на мажите им се допаѓа.

Ријана

Најголем комплекс на Ријана се нејзините нозе, затоа двајцата со нејзиниот тренер посветуваат големо внимание на вежбите за зацврстување на нозе. Тие се нејзината опсесија.

Трудот на Ријана очигледно ѝ се исплатува. Таа изгледа прекрасно насекаде каде што ќе се појави.

Галерија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.