Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Меган Фокс

Диетата и фитнесот на Меган Фокс

Ѕвездата на популарниот филм Трансформерс, Меган Фокс, има цврсто секси тело и со право е прогласена за најсекси жена за 2009г. (според анкетата на FHM). Кога коментира за својата фигура, Фокс секогаш изјавува дека е многу мрзлива кога станува збор за вежбање. Па како тогаш го одржува своето тело во топ форма?

Меган Фокс
Тајната на прекрасната фигура на Меган Фокс е јаболковиот оцет.

Диетата

Убавата актерка е многу внимателна кога е во прашање нејзината исхрана. Таа е обожавателка на јајцата и се обидува да јаде јајца секој ден. Фокусот ѝ е насочен кон појадокот, затоа што појадокот е нејзиниот најголем оброк. Меган Фокс внимава секогаш да има богат и здрав појадок, за да има енергија во текот на целиот ден и да не се прејадува подоцна.

Бадемите се дел од секојдневната исхрана на Фокс. Тие се добар извор на протеини и на витамин Е. Во исхраната на Меган Фокс присуствуваат и сурови зеленчуци, овошје и месо.

Атрактивната актерка не крие дека е обожавателка на слаткото. За да го балансира внесувањето на шеќери, таа користи мал трик – јаболков оцет.

Тоа е само вода и јаболков оцет и го прочистува целосно вашиот систем. Кај жените чие тело задржува вода, помага брзо да се ослободат од неа. Не сум многу по диетите и вежбањето, затоа што сум мрзлива и сум страсна обожавателка на слаткото, па затоа морам да го прочистувам организмот понекогаш, поради количеството шеќер кое го внесувам.

Меган Фокс

Трикот со пиењето на јаболков оцет и вода го користат и познатата пејачка Ферги и топ-моделот Синди Крафорд. Јаболковиот оцет го потиска апетитот и помага во ослободувањето на токсини од телото.

Фитнесот

Многу сум мрзелива. Имам личен тренер кој треба да ме посетува дома три пати неделно. Тој доаѓа кај мене, за да не морам да излегувам од дома. Кога ќе дојде, јас лежам на истото место каде што ме оставил и започнувам: Не денес! Не денес!

Меган Фокс

Кога нејзиниот тренер ќе успее да ја примами во салата, Меган Фокс вежба многу. Таа вежба околу 30 минути кардио вежби за зацврстување на нејзините стомачни мускули. Потоа прави вежби за зацврстување на другите делови од телото и на крајот завршува со 30-40 минути пилатес или возење на велосипед.

Галерија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.