9 тврдења за врските во чија вистинитост кога-тогаш ќе се уверите
Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 9 тврдења за врските во чија вистинитост кога-тогаш ќе се уверите

9 тврдења за врските во чија вистинитост кога-тогаш ќе се уверите

Пронаоѓањето на Вистинскиот за некои луѓе е потрнлив пат отколку за други. За некои едноставно е среќен сплет на околности, за други е мачно и напорно создавање на тие околности. Кај едни принцот од реалноста доаѓа по бакнувањето на само неколку жаби, кај други пристигнува со задоцнување. Но, градењето и одржувањето на силна врска за сите е предизвик кој постојано е присутен во животот, дури и кај паровите кои на 70 години со љубовни искри во очите шетаат држејќи се за рака.

Не залудно се вели дека годините носат мудрост. Она во што сме верувале на 16 години, со тек на време ни станува смешно и можеби она за кое сега веруваме дека е точно, за неколку години ќе ни стане јасно дека било заблуда. Сфаќањата за љубовта и функционирањето на врските се менуваат, но постојат неколку мудри тврдења кои зрачат со вистинитост и ретко кој може да ги негира.

ЉубовЉубовта и врската треба да бидат негувани секојдневно
1

Влегувањето во врска по автоматизам не значи дека ќе бидете посреќни.

Многу сингл девојки се несреќни затоа што копнеат да бидат во врска и сè во нивниот живот започнува да се врти околу потрагата по партнер. Но, вистината е дека врската не е гаранција за среќа. Многу луѓе се несреќни иако до себе имаат партнер. Сигурно сте сретнале луѓе кои трошат многу енергија за да ги убедат останатите дека се пресреќни, кога всушност реалноста е многу поразлична. Не заборавајте дека љубовниот статус е само еден од илјадниците фактори кои влијаат на вашата среќа. Задолжително треба да научите да бидете среќни во животот без разлика дали сте сингл, во врска или во брак.

2

Добриот партнер (како и пријателите) во лошо се познава.

Не е толку важно како тој се однесува на почетокот на врската, кога сè е розово, туку како се однесува кога ќе наидете на проблемите кои кога-тогаш ќе се појават. Вистинскиот партнер не бега од заедничките проблеми и треба да ви помага кога вие ќе западнете во неволја. Добрите времиња ќе ви ги покажат сите добри карактеристики на избраникот, а ако лошите мигови не ви ги покажат неговите рогови, тогаш вреди да го зачувате до себе.

3

Успешните врски не се градат сами, туку потребно е нивно одржување.

Познавате пар кој има среќна и стабилна врска? Гарантирано нивната врска не се темели само на среќни околности. Бидете сигурни дека и двајцата вложуваат многу енергија во градењето и одржувањето на таа врска. Не очекувајте дека проблемите во врската ќе исчезнат сами ако ги поттурнете настрана. Покажете посветеност кон одржувањето на љубовната искра и отстранувањето на пречките и несогласувањата.

4

Добрите манири се неопходни.

Можеби на 17 години ќе ги обожавате момците од чие однесување на секој родител би му се накострешила косата, но како што поминува времето ќе сфатите дека партнерот што би сакале да го имате до вас треба да поседува добри манири. Лошите момци се привлечни за авантура, но не и за долгорочна врска и брак. Годините ќе ве натераат повеќе да ги цените добрите момци кои ја задржуваат вратата за вие да влезете и ви го придржуваат палтото пред излегување.

5

Во љубовта нема место за омаловажувања и понижувања.

Некои луѓе стануваат попривлечни како што минуваат годините, но некои не. Некои го омекнуваат својот остар и строг карактер, но многу други не. Човек кој со задоволство омаловажува сè пред себе и ве потценува, најверојатно ќе си ги зачува лошите особини уште многу години нанапред. Првиот пат кога ќе забележите лошо однесување, бидете предупредени, а вториот пат, ставете си ги обувките, летнете низ врата и не се вртете назад.

6

Можете да се промените себеси, но не и вашиот партнер.

Се вели дека жените влегуваат во врска со надеж дека ќе променат барем неколку нешта во карактерот на својот партнер. Не бидете доказ за таквите изјави. Не можете сосила да го промените вашиот партнер. Ако навистина ви се потребни промени кај него, отворено кажете му. Доколку му значите, ќе се обиде да се прилагоди на вашите барања.

7

Не треба да се чувствувате виновни ако сакате да му раскинете на некого.

Да останете во врска со некого само затоа што не сакате да го повредите е грешка која на долгорочен план ќе ве унесреќи и двајцата. На сите ни било скршено срцето и понекогаш е неопходно ние да бидеме срцекршачи. Подобро веднаш да го започнете мачниот разговор, отколку цел живот да жалите за вашето премолчување. Само бидете нежни и искрени со лицето со кое не сакате повеќе да сте во врска додека му раскинувате.

8

Шпионирањето е забрането и е знак на големи проблеми во врската.

Ѕиркањето во Facebook пораките на вашиот партнер не е невина постапка поттикната само од љубопитство. Ако имате потреба да го шпионирате саканиот или ако го фатите додека си „игра“ на вашиот мобилен телефон, тоа нека ви биде црвено знаменце за големи проблеми во врската. Шпионирањето е знак на недоверба и ако еднаш ја пречекорите границата, нема враќање назад. Секој заслужува да има приватност. Вистинското прашање е дали оној што е до вас ја заслужува вашата доверба. Ако не можете да си одговорите потврдно на тоа прашање, можеби не сте во вистинската врска.

9

Жешкиот секс е добар, но не и прецизен показател за среќна врска.

Кога сексот е одличен, мажот до вас прави да се чувствувате неодоливи, обожавани и сакани. Но, сексуалната хемија може да ви ги помати размислувањата и да ја поистоветите со емоционалната поврзаност. Сексот игра важна улога во секоја врска, но тој не е замена за другите парчиња од сложувалката кои формираат здрава нераскинлива врска, како длабоки значајни разговори и забавни моменти исполнети со насмевки.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6547 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“