8 работи кои тој не се осмелува да ви ги каже
Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 8 работи кои тој не се осмелува да ви ги каже

8 работи кои тој не се осмелува да ви ги каже

Се разбира, искреноста е многу важна во една врска. Но, во реалноста, и мажите и жените не споделуваат сè со своите партнери. Подолу прочитајте кои работи вашиот партнер нема да се осмели да ви ги каже на глас.

Таинствен мажМногу е веројатно дека други жени флертуваат со вашиот сакан, но тој нема да го сподели тоа со вас за да не си направи проблем

„Често глумам дека внимателно слушам што зборуваш“

Не е мит распространетото мислење дека мажите се исклучуваат кога жените започнуваат долг говор. Ако држите монолог за тоа како вашата колешка на работа е безобзирна кон другите или по заобиколен пат зборувате за проблем во врската, тогаш веројатно сте го изгубиле неговото внимание уште на почетокот и веќе по вашата трета реченица тој одлетал на друго место. Самите мажи признаваат дека дури имаат и тактики за да изгледа како да слушаат: кимање со главата, повремено поставување на прашање поврзано со последните 10-тина зборa кои сте ги кажале и сл.

„Не можам да поднесам некои од твоите пријатели“

Не можете да го обвините што не му се допаѓа вашата пријателка која секогаш зборува колку мажите се глупави и дека сите мажи се исти, без да го земе во предвид неговото присуство. Уште помалку можете да го обвините што го презира вашиот пријател кој секогаш обожава да ве прегрнува „пријателски“ и кој секогаш има комплимент за вас. Нормално е вашиот партнер да не сака некои од вашите пријатели. Сепак, тој не ги избирал, туку тие дошле во неговиот живот заедно со вас.

„Мразам што споделуваш толку многу за нас со твоите пријателки“

Сигурно тој би сакал веднаш да им се пофалите на пријателките кога ќе ви подготви романтично изненадување и кога сите ќе имаат да кажат само комплименти за него. Но, воопшто не му е пријатно кога вашите проблеми во врската ќе стигнат на дневен ред на вашиот кафе-муабет со пријателките (особено ако станува збор за проблеми во сексот).

„Со пријателите озборуваме, и тоа многу“

Мажите се навикнати да го опишуваат озборувањето како женска особина, но тие не само што озборуваат, туку понекогаш се и полоши од жените и покритички настроени.

„Имам обожавателки и тоа ми ласка“

Многу е веројатно дека други жени флертуваат со вашиот сакан. Ако е висок и згоден, сигурно бројката е многу поголема, но дури и да не е манекен, има жени кои флертуваат со него (размислете, ако вам ви е привлечен, зошто не би им бил на други жени?). Најверојатно тој нема да го сподели тоа со вас за да не ја отвори Пандорината кутија, особено ако знае дека сте љубоморни. Но, нему сигурно му годи вниманието што го добива и тоа што се чувствува посакуван.

„Извини, ама гледам во убави жени“

Очите на мажите се „програмирани“ да залутаат кога во нивна близина ќе се појави убава жена. Голем дел од мажите се извежбани да го прават тоа незабележително, но ние жените можеме да го уловиме секој забеган поглед, па неретко меѓу паровите се раѓаат расправии на оваа тема.

„И јас сум чувствителен во врска со надворешниот изглед“

Не си мислете дека само жените паничат кога ќе качат некој килограм повеќе и се прашуваат дали изгледаат дебело во одредено парче облека. Колку и да глумат дека не им е важно, мажите се засегаат од коментари како: „Исто како да имаш гума за пливање околу стомакот“, „Каде ти исчезнаа стомачните мускули?“, „Веќе имаш бели влакна“ или „Ау, тие фармерки воопшто не одговараат со таа кошула“. Затоа, бидете повнимателни со давањето критики.

„И јас се плашам да не ги избрзувам работите“

И мажите се исправени пред истите дилеми како и жените: „Не е ли премногу рано за да кажам ТЕ САКАМ?“, „Кога е вистинското време за секс?“, „Премногу рано ли ставив статус на Facebook дека сум во врска?“, „Можам ли веќе да почнам да зборувам за брак и деца?“... И мажите и жените имаат слични стравови за „совршениот тајминг“ кога станува збор за врската.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6554 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“