Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 7 машки навики што жените ги мразат

7 машки навики што жените ги мразат

Немојте да се лажете дека мажите се помалку комплицирани од жените. И тие се чудо на природата. Но, ние жените повеќе се обидуваме да ги разбереме, па со тек на времето полесно ни е да го дешифрираме нивното однесување.

Маж и женаЖените се иритираат кога нивниот партнер ги игнорира додека гледа спортски натпревари или сурфа на интернет.

Иако најчесто можеме да се помириме со некои нивни постапки, постојат одредени работи кои што мажите ги прават, а нас нè вадат од контакт. Еве некои од најиритирачките постапки на мажите:

  1. Зјапаат нападно во секоја привлечна жена. Не може да се очекува погледот на еден маж постојано да биде вперен само во неговата партнерка. На мажите во крвта им е да погледнат кога некоја убавица ќе помине покрај нив. Само што тие не знаат дека ние жените гледаме сè и го регистрираме секој нивно „шарање“ со очите. Постојат мажи кои дискретно знаат да го задоволат своето љубопитство. Но, има и такви што не знаат кога е доволно. Не постои жена која нема да се вознемири ако забележи дека нејзиниот партнер упорно фрла поглед кон некоја друга.
  2. Слушаат само кога им одговара. Мажите се навикнати во одредени моменти да се исклучуваат од реалноста, да одлетаат со мислите и да избираат да го слушнат само она што им одговара. Исто како да зборувате со ѕидовите кога на дневен ред се домашните обврски или попустите низ продавниците. Жените навистина повеќе зборуваат, но заслужуваат внимание.
  3. Очекуваат да им паднете в прегратка само затоа што ве честеле пијачка. Има мажи кои мислат дека со скапа облека, убав мобилен телефон и честење можат да ја освојат секоја жена. Денес, како униформа да стана носењето на костум за вечерно петочно излегување. Жената која знае што сака, никогаш нема да биде воодушевена од тие „трикови“ и нормално ќе биде вознемирена ако некој очекува нешто од неа само затоа што платил еден пијалок.
  4. Не забележуваат детали. Вие имате нова фризура, користите нов парфем или сте ослабеле 3 килограми, а не добивате ниту еден комплимент. Жените имаат поголема самодоверба кога ќе добијат комплимент, па кога ќе направат позитивна промена прво што сакаат е нивниот партнер да го забележи тоа.
  5. Се изолираат од сè друго кога се на компјутер или кога гледаат спорт. Никој не очекува мажите да се откажат од гледањето спортски натпревари, играњето видео игри или сурфањето на интернет. Но, на жените им пречи самиот факт што додека ги прават тие работи, мажите игнорираат сè останато.
  6. Не ги контролираат „машките постапки“. Некои сметаат дека тоа што се мажи им дава право да плукаат, постојано да пцујат, ждригаат или да се „местат“ таму долу, пред очите на својата партнерка или уште полошо – пред друштво. Освен што таквите постапки се знак на ниска култура, тие ја иритираат секоја жена.
  7. Забораваат важни дати. Нема изговор кој може да ја утеши жената ако нејзиниот партнер ѝ го заборавил роденденот или нивната годишнина. Денес постојат разни електронски потсетници кои можат да им се најдат на мажите со лоша меморија.

Се разбира, ова не важи за сите мажи. Секоја чест на исклучоците.

И ние жените си имаме свои навики и постапки кои не се прифаќаат од мажите со воодушевување. Но, тоа е друга приказна...

Коментари (14)

7759
11:31, 03 март 2010г. #
daaaaa :)))
7592
18:41, 03 март 2010г. #
Точно така....
7473
22:38, 03 март 2010г. #
se soglasuvam potpolno e tocno se....
7625
00:44, 04 март 2010г. #
bas taka se e tocno:)
793
15:02, 05 март 2010г. #
se e tocno i pak nisto
6986
16:12, 06 март 2010г. #
mnogu vistinito...
6870
19:01, 06 март 2010г. #
bas taka
8034
00:50, 08 март 2010г. #
taka e.....
7985
13:32, 09 март 2010г. #
apsolutno:)
8211
01:21, 11 март 2010г. #
така е, ама јас имам многу среќа што мојот дечко не е таков...добро ама фрла некој поглед по други девојки :)))) ништо важно...хахаха
9810
23:09, 28 април 2010г. #
se e tocno
9762
19:31, 02 мај 2010г. #
ok ova e tocno no ima i nekoi koi ne se bas takvi...barem taka mi kazuvaat moite drugari haha ali ok interesna statija
11065
18:42, 23 декември 2010г. #
tocno taka se soglasuvam ! toa se navistina maski naviki koi nikako da gi iskorenat mazite :)
21533
19:05, 20 јуни 2011г. #
Се е точно, а посебно последново. Не сум сретнала некој што ќе запомни кога ти е роденденот :)

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy

АКТУЕЛНО на ФОРУМОТ

Анкета

Анкета
Колку чинеле најскапите обувки кои некогаш сте си ги купиле?
  • 30%
  • 18%
  • 25%
  • 13%
  • 6%
  • 9%
Се испраќа...

(Вкупно: 9714 гласа)

Цитат

Мажите секогаш сакаат да бидат првата љубов на жената. Жените сакаат да бидат последната романса на мажот.

Оскар Вајлд

Виц

Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.

Мода

Мода

Хороскоп

forum.femina.mk

Хуманост

Site Meter