Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 15 типа бакнежи и нивните значења

15 типа бакнежи и нивните значења

Бакнежот е начин да ги искажете чувствата без да изговорите ниту збор и да ги дознаете чувствата на вашиот партнер без да поставите ниту едно прашање. Може да се состои од најмалото и најнезабележителното движење на усните, но во него се вклучени сите наши емоции.

Бакнежот е мистерија на која ѝ е потребна интерпретација. Иако не забележувате, секој ваш бакнеж го носи отпечатокот на вашите мисли и во себе содржи различна порака која треба да биде правилно интерпретирана. Понекогаш тој срамежливо шепоти „Ми се допаѓаш“, а понекогаш вреска „Те посакувам“. Не е лесна задача да дознаете која порака сака да ви ја пренесе вашиот партнер преку бакнежот, но не е ни невозможна мисија. Сè што треба да знаете е какво значење се крие зад секој тип бакнеж.

Брз бакнеж

Брзиот бакнеж не спаѓа во групата на романтични бакнежи, но е одличен за првиот состанок или за во јавност. Се изведува со затворени усни и допирање на усните на оној со кого сакате да го споделите бакнежот. Но, внимавајте бакнежот да не биде прекраток затоа што така нема да воспостави никаква врска помеѓу вас. Тој треба да трае околу 3 секунди, а испраќа пораки како „Ми се допаѓаш, но не сакам да избрзувам“ или „Ми беше забавно со тебе“.

Романтичен бакнеж

Романтичен бакнежРомантичен бакнеж

Романтичен е бакнежот при кој со благо отворени усни нежно ги допирате усните на партнерот. За да го постигне вистинскиот ефект, тој треба да биде бавен и нежен, затоа што пребрзото бакнување воопшто не е романтично. Страста е незаменлив елемент на романтичниот бакнеж. Без страста тој го губи своето значење. На првиот состанок романтичниот бакнеж испраќа порака дека сакате да дознаете повеќе за бакнуваниот, но дека не сакате премногу да брзате за да не го исплашите. Паровите кои се подолго заедно го користат овој бакнеж за да покажат дека се грижат еден за друг.

Француски бакнеж

Кога романтичниот бакнеж е придружуван од постојано допирање на јазиците, доживувате француски бакнеж. Овој бакнеж е страстен и е наменет за парови кои се заедно подолго време или за парови кои сакат да ја задлабочат својата врска, затоа што со себе ја носи пораката „Те сакам и посакувам“. Тој се смета за најеротски бакнеж и многу често води кон поинтимен физички контакт. Францускиот бакнеж претставува вистинска уметност и откако ќе ја совладате, ќе можете без многу труд да му предизвикате пеперутки во стомакот на вашиот избраник.

Бакнеж на образот

Бакнежот на образ се изведува кога со усните нежно го допираме образот на оној кого го бакнуваме и има повеќе значења. Ако бакнуваме пријател или член од семејството, тој трае околу 1-2 секунди и е користен најчесто како начин на поздравување. Но, тој многу често испраќа пораки како „Ти благодарам“ или „Те поддржувам“. Кога е наменет за личност која физички ве привлекува, тој извикува: „Ми се допаѓаш“. Бакнежот на образот е идеална опција за првиот состанок, кога целта е запознавање и истражување. Ако добиете нежен бакнеж на образ на првиот состанок, тоа значи дека потенцијалниот партнер покажува учтивост и култура, т.е. не сака да ве принудува на ништо и дека е подготвен да чека додека не решите да му ги понудите усните.

Ангелски бакнеж

Ангелскиот бакнеж е многу нежен допир со усните на очниот капак или веднаш до окото на вашиот партнер. Слаткиот ангелски бакнеж носи спокојство кај бакнуваниот и ја зголемува емоционалната поврзаност помеѓу партнерите. Може да биде многу пријатен начин за да му кажете на вашиот сакан „Добро утро“ веднаш по будењето или „Добра ноќ“ по прекрасната вечер помината заедно. Брачните парови често го практикуваат овој бакнеж и кога сакаат да ги излеат своите емоции, но без да ја разбудат саканата личност.

Бакнеж на носот

Бакнежот на носот претставува нежно допирање со усните на врвот на носот на партнерот. Тој е забавен начин за да го привлечете вниманието на саканиот и речиси секогаш изнудува насмевка на неговото лице. Обично се користи од паровите кои се подолго време заедно и изразува приврзаност кон бакнуваната личност. Бакнежот на носот често се користи и од мајките, кога сакаат да ги забавуваат и насмеат своите деца.

Бакнеж на челото

Бакнежот на челото заедно со бакнежот на раката спаѓаат во групата на нежни и елегантни бакнежи. Кога се користи меѓу членовите од семејството, неговата цел е да донесе спокојство кај бакнуваниот. На пример, кога малите деца се болни, родителите ги бакнуваат на челото испраќајќи им порака: „Те сакам и се надевам дека се чувствуваш подобро“, „Сè ќе биде во ред бидејќи јас сум тука“ или „Тука сум и ќе останам додека не се почувствуваш подобро“. Ако пак вашиот партнер ви подари ваков бакнеж, во истиот момент ќе ве обземе чувство на сигурност. Тој е уште нарекуван и заштитнички бакнеж или мајчински бакнеж и најчесто испраќа порака „Премногу се грижам за тебе и не сакам да те изгубам“.

Бакнеж на увото

Бакнежот на увото најчесто е проследен со нежно грицкање на ушната школка или шмукање на усните ресички. Има исклучително еротски ефект доколку при неговата изведба биде вклучено и длабоко дишење на уво. Ова е добар начин да ја одморите устата на партнерот. Бакнежот на увото спаѓа во групата на страсни бакнежи и пренесува моќна сексуална порака како „Сакам да преминеме на нешто посериозно“ или „Очајно те посакувам“.

Бакнеж на раката

Едноставен, но елегантен, бакнежот на раката има огромен потенцијал да ве освои. Води потекло од далечното минато и го издава џентлменскиот карактер на оној кој го користи. Ако некој ве бакне на раката тој потајно ви вели „Почестен сум со твоето присуство“ или „Те обожавам“. Во високите кругови во Европа се користел и како замена за зборовите „Мило ми е што ве запознав“. Во секој случај, значењето на бакнежот на рака е исто – тој пренесува почит и восхитување. За жал, денес тој изгледа малку старомодно и ретко се користи.

Ескимски бакнеж

Ескимски бакнежЕскимски бакнеж

Под поимот ескимски бакнеж се крие нежното триење со врвот од вашиот нос на врвот на носот на партнерот. Овој сладок начин на „бакнување“ испраќа порака на преданост кон партнерот. Ескимскиот бакнеж може да биде и една забавна игра помеѓу родителите и нивните мали деца.

Бакнеж на вратот

Бакнежот на вратот претставува нежен допир со усните на кожата на вратот на партнерот. Најчесто се користи од паровите кои се многу блиски и заљубени. Ако вашиот партнер ви подари нежен бакнеж на вратот, треба да знаете дека тој се чувствува прекрасно во ваше друштво и ви ја пренесува пораката „Копнеам по тебе“.

Вампирски бакнеж

Вампирскиот бакнеж е бакнеж на вратот, но вклучува и шмукање или нежно грицкање на кожата. Често овој бакнеж остава и црвени траги зад себе, па за него е потребна согласност од двајцата партнери. За разлика од нежниот бакнеж на вратот, овој бакнеж ја носи со себе еротската порака „Те посакувам сега и веднаш“ и води до нешто повеќе од бакнеж. Поради тоа, овој тип на бакнеж не е дозволен на јавни места.

Бакнеж „грицкање на јазикот“

Грицкањето на јазикот е поагресивна форма на францускиот бакнеж и вклучува кратко и нежно грицкање на јазикот на партнерот додека тој го повлекува. Овој тип бакнеж е сензуален и го полудува бакнуваниот, а испраќа пораки од типот „Не можам да ги тргнам рацете од тебе“ или „Ме возбудуваш“. Ако вашиот партнер ви подари ваков бакнеж, треба да знаете дека вашиот физички контакт тежнее кон поголема интимност и најверојатно ќе заврши со секс. Но, имајте на ум дека бакнежот кој вклучува грицкање на јазикот треба да им носи задоволство и на двајцата партнери, а не задоволство на едниот, а болка на другиот.

Бакнеж Спајдермен

Бакнеж СпајдерменБакнеж Спајдермен

Овој бакнеж го добил своето име по познатата сцена од филмот Спајдермен, каде Кирстен Данст го бакнува Тоби Мегваер додека тој виси од зграда. Тој може да се изведе кога главата на партнерот е свртена во обратна насока од вашата и најчесто се состои од бакнување на долните усни на партнерот. Овој бакнеж нуди пријатно чувство, затоа што можете да го почувствувате дишењето на саканиот во вашиот врат и обратно. Испраќа порака „Те чувствувам доволно близок/блиска за да експериментирам“.

Бакнеж на едната усна

Претставува нежно шмукање на една од усните на партнерот. Ова е неверојатно романтичен бакнеж и ако го правите на правилниот начин, многу е веројатно да предизвикате треперење во стомакот на вашиот партнер кое брзо може да премине во жешка љубовна игра. Бакнежот на едната усна испраќа токму таква порака – „Силно ме привлекуваш“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10981 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.