10 совети да го задржите мажот до себе
Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 10 совети да го задржите мажот до себе

10 совети да го задржите мажот до себе

Почетокот на секоја врска е тежок. Да изградите долга врска е уште потешко, а да го задржите мажот до себе си заинтересиран за вас во секој момент – најтешко. Но, не и невозможно. Потребна ви е само малку фантазија и желба. Еве неколку совети како да го постигнете тоа.

Секси пар
Не прекинувајте да го изненадувате вашиот партнер, без разлика дали тоа ќе е со интимна вечера или со нов комплет долен веш.
  1. Направете да се почувствува како маж. Од време на време подигнете му го егото. Најдобар начин да го направите тоа е да побарате совет од него за област во која знаете дека е добар. Може да побарате од него да ве научи да ја играте неговата омилена видео игра или да ви покаже спорт во кој е добар.
  2. Покажете интерес кон она што тој го сака. Тоа не значи да го лажете дека ги сакате работите што ги сака тој. Одберете една или две работи што можете да ги толерирате и правете ги заедно. На пример, можете да гледате филм што тој сака да го гледа.
  3. Разубавувајте се без тој да ве види. Не дозволувајте мажот до вас да ве види пред депилација или додека се депилирате. Мажите знаат дека се подлагате на безброј процедури за разубавување, но сепак сакаат да веруваат дека жената до нив има природна убавина.
  4. Поддржувајте го и менувајте го вашиот изглед. Кога излегувате на некое специјално место, направете си убава фризура, маникир и облечете секси облека. Тоа ќе направи да се почувствувате убаво и ќе добиете самодоверба, а мажот до вас нема да може да ви одолее.
  5. Направете специјален оброк. Згответе нешто што не сте го правеле до сега или пригответе го неговото омилено јадење. Внимателно аранжирајте ја масата и поставете свеќи. Нема како вашиот гест да остане неоценет.
  6. Живејте го својот живот. Продолжете да правите сè она што сте го правеле досега со вашето семејство и пријателите. Не ги заборавајте вашите хобија. Вашиот живот ќе биде поинтересен и поисполнет, а со тоа вие ќе бидете попривлечни за него и тој ќе се бори за вашето внимание.
  7. Не го лажете. Најдобро е секогаш да му ја кажувате вистината, затоа што ако некогаш дознае дека го лажите, тој никогаш нема да гледа на вас со истите очи.
  8. Не бидете љубоморни или наивни. Мажите сепак си ја сакаат својата слобода. Кога нешто не е забрането не е ни интересно нели?
  9. Бидете спонтани. На секој човек му станува досадно кога деновите му се повторуваат и сè е толку очекувано. Постојано изненадувајте го, било тоа да е едноставна интимна вечера без повод или нова долна облека. Направете тој секогаш да биде во очекување на ново изненадување.
  10. Зачинете го вашиот сексуален живот. Може и да се изненадите, но тоа со сигурност нема да го направи среќен само него.

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 21%
  • 44%
  • 35%
Се испраќа...

(Вкупно: 9972 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.