Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 10 реченици кои тој НЕ САКА да ги слушне од вас

10 реченици кои тој НЕ САКА да ги слушне од вас

Понекогаш шегите, забелешките и барањата кои вие спонтано му ги кажувате на партнерот и кои сметате дека се невини и не штетат никому, можат да бидат непријатни и да го иритираат.

Еве неколку реченици од кои на мажите им се крева косата нагоре:

„Бремена сум... Хихихи, лажам“

Навистина е интересно да ја видите неговата шокирана фаца и моментот кога долната вилица ќе му падне на земја, но оваа лоша шега е доста непријатна (не мора да споменуваме колку е невкусна ако всушност се обидувате да имате бебе). Може и да ви се случи приказната со волкот и овчарот, односно еден ден навистина да сте бремена и кога ќе му соопштите, тој да ви се изнасмее или да ви ги преврти очите. Сигурно тоа не е реакцијата која ја посакувате. Освен тоа, ако не е подготвен да стане татко, наредниот пат кога ќе сте интимни, не очекувајте да биде целосно релаксиран. Краткотрајниот шок „Бремена сум“ може да остане да му одѕвонува в уши и тој да стане претерано внимателен.

Жена и мажДоволно е едно „Бремена сум“ за да го шокирате

„Ти реков јас, но ти не сакаше да ме послушаш...“ (пауза од 5 минути) „Ти реков јас...“

Да, да, вие повторно сте во право, а тој погрешил. Доволно ќе го изнервирате уште со првото „Ти реков“, а кога ќе продолжите со „Убаво ти велев јас, но ти не сакаше да слушаш“, му се качувате на глава. Нормално, ние жените имаме подобра интуиција и подобро можеме да ги предвидиме работите уште пред да се случат (понекогаш и среќно), но во таквите моменти тој е доволно нервозен што погрешил и не му треба константен потсетник за тоа. „Ти реков дека тој се дружи со тебе само од корист“, „Ти реков дека требаше да си ги купиш другите патики, сега немаше да ти се скинат“, „Ти реков јас дека требаше да одиме во другиот ресторан“, „Ти велев дека таа е затрескана во тебе“... Познато ви е?

„Ништо не ми е“ (додека ги држите рацете прекрстени и ги превртувате очите)

Изразот на вашето лице кажува дека нешто не е во ред, а молчењето уште повеќе го потврдува тоа. Токму затоа, вашиот партнер ќе посака да избега од својата кожа кога ќе му речете: „Ништо не ми е“. Тој знае дека има нешто, па започнете веднаш да го решавате проблемот наместо да чекате да помине едночасовното молчење.

„Сонце, оди до продавница и купи ми тампони... од оние малите“

Повеќето мажи никогаш не би отишле до продавница во ваков случај, некои поради срамот, а некои поради тоа што не сакаат да изгледаат какопапучари“. Оние пак што ќе соберат храброст да одат, ќе се почувствуваат непријатно кога ќе треба да поминат неколку минути читајќи по пакувањата за да ги пронајдат малите тампони или пак кога ќе бидат принудени да побараат помош од вработените во супермаркетот. Поштедете го од срамот и не упатувајте вакви деликатни барања до него.

„Однесувај се како маж“ или „Биди маж“

Ништо не ги нервира мажите толку многу како ситуациите во кои нивната машкост ќе биде доведена во прашање. Тоа е исто како да му кажете на лавот дека е мало маче.

„Треба сериозно да разговараме“

Кога тој ќе го слушне ова, во неговата глава веднаш започнуваат да се вртат прашања како „Што направив сега?“, „Сака да раскинеме?“... Никој не очекува ништо добро по изговарањето на таа реченица. Па, што и да сакате да му кажете, прескокнете ја и преминете на главното, без најави од кои ќе му полазат трпки по грбот.

„И бившиот...“

Без разлика дали ќе ја довршите реченицата со нешто позитивно („И бившиот секогаш ми купуваше бели рози“, „И бившиот секогаш ми ја отвораше вратата, а никој друг нема навика да го прави тоа“) или нешто негативно („И бившиот беше многу љубоморен“), на вашиот партнер ќе му се крене косата кога ќе слушне дека наликува на вашиот поранешен. Во одредени случаи тој може и да си помисли дека сè уште не сте го преболеле бившиот. Размислете, како би ви било вам тој да ве споредува со неговата поранешна девојка?

„Мајка ти претера, нека не си го пика носот каде што не треба“

Мајка му е првата важна жена во неговиот живот, па воопшто нема да му биде пријатно да слушне дека имате негативни чувства кон неа. А ако мајка му навистина претерала, најверојатно и тој е свесен за тоа, само решава да го игнорира за да не го подгрева огнот.

„Навистина мислиш да доаѓаш така облечен?“

Повеќето мажи мислат дека во секоја прилика можат да поминат со фармерки и првата чиста маица која ќе им дојде до рака. Тие не размислуваат три дена однапред што да носат кога ќе излезат и немаат предвреме стокмени комбинации за секоја прилика. Наместо да му ги кревате нервите со „Така облечен ќе излегуваш?“, директно кажете му што да облече. Ќе биде побезболно и за вас и за него.

„Според тебе, Кристина убава е?“

Со ова прашање вие ќе му предизвикате голема главоболка затоа што тоа е едно од оние прашања кои немаат правилен одговор. Ако одговори негативно, најверојатно ќе го обвините дека лаже (штом сте решиле да го прашате, значи не се работи за било која) и ќе започнете да го убедувате дека не ви смета да каже дека е убава. А ако ве убеди дека навистина не ја смета за убава, може да започнете да го критикувате неговиот вкус за жени. Ако пак одговори потврдно, тој знае дека постои можност да се вознемирите и да станете љубоморни или да продолжите да го прашувате „Што ти се допаѓа кај неа?“, „Која е поубава, јас или таа?“... Мажите знаат дека ваквите прашања ги ставаат во лавиринт од кој нема безбеден излез, па затоа и ги мразат.

Коментари (20)

16:00, 10 мај 2011г. #
:D Интересно!
18:33, 10 мај 2011г. #
„Според тебе, Кристина убава е?“ па убава е ами како,дека јас се викам Кристина :Р
20:02, 10 мај 2011г. #
паа прилично интересно....
20:54, 10 мај 2011г. #
Колку се пронајдов овде :))))
20:56, 10 мај 2011г. #
Bas interesno uf nie zenite znaeme nekogas i da preterame :))
23:19, 10 мај 2011г. #
Се изнасмеав на ова последното за кристина :)))
23:41, 10 мај 2011г. #
„Навистина мислиш да доаѓаш така облечен?“ хахаха е ова е баш за мене :) многу често го му викам ееее па таа мајца дај друга :D ама машко како машко што фане прво тоа :)))))
12:56, 11 мај 2011г. #
„Ти реков јас, но ти не сакаше да ме послушаш...“ vo ova najmnogu se pronajdov :-)
12:26, 16 мај 2011г. #
e vo site se pronajdov pa duri i za majka mu uff nie zenite stvarno iritirame :))))
23:05, 17 мај 2011г. #
tocno!!!=)
19:58, 20 мај 2011г. #
Сонце купи ми тампони....:)
09:18, 22 мај 2011г. #
колку сме напорни :)
15:04, 24 мај 2011г. #
hahahaa ova poslednoto e najinteresno
00:11, 04 јуни 2011г. #
Jas moeto kje si go kažam, pa dali toj saka da čue ili ne, voopšto ne me interesira!
23:27, 25 јуни 2011г. #
Јас мислам дека ова и не се баш најдобри совети....нелли мислите дека момчињата малку ке се разгалат одкога ке го прочитаат ова(ако воопшто го прочитаат)...некое девојче ако му се обрати на некое момче со некои од овие 10 реченици...момчето незнам што би направило поради овие 10 совети
16:03, 27 јуни 2011г. #
vo pravo si margo tija i jas sum ista dali on ke cuje na meneisto mi se vajke
21:45, 31 август 2011г. #
хахахха да да

21:47, 31 август 2011г. #
ти реков јас,тампони,мајка ти,за кристина моите 4 основни секој дневни реченици хаха
15:49, 08 декември 2011г. #
E OVA SO MAJKA MU E TOP!
21:00, 15 декември 2011г. #
imam sreka sto nemam pokraj mene mamina maza ;:)

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9957 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter