Како да знаете дека тој е вистинскиот
Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » Како да знаете дека тој е вистинскиот

Како да знаете дека тој е вистинскиот

Многу ќе беше лесно ако животот беше филм, во кој главните ликови уште од моментот кога ќе се сретнат знаат дека им е пишано да бидат заедно. Но, во реалноста за жал работите не се толку едноставни и е многу тешко да се процени дали една врска има иднина или не.

Затоа, сите ние се обидуваме да одиме чекор по чекор – запознавање, состанување, интимност, барање на одобрување од пријателите и семејството и на крајот преминуваме кон формирање на оценка. За жал, дури и покрај целиот тој процес понекогаш не можеме да бидеме сигурни дали сме со вистинскиот човек.

Среќен пар Вашиот партнер пред сè треба да ви биде пријател.

Доколку сте во ситуација кога треба да решите дали сте со мажот со кој сакате да го поминете остатокот од животот, следниве неколку знаци може да ви потврдат дека сте го направиле вистинскиот избор.

  1. Неговите дела ги потврдуваат неговите зборови. Ако никогаш не ви ветува работи кои нема намера да ги исполни, тогаш вашиот партнер ја заслужува вашата доверба. Тешко е и не треба да им се верува на луѓето кои не ги исполнуваат своите ветувања.
  2. Со него можете да разговарате буквално за сè. Вашиот партнер пред сè треба да ви биде пријател. Иако нема да може целосно да ги замени вашите пријателки, тој треба секогаш да е до вас кога ќе ви е потребен искрен разговор, без разлика каква е темата.
  3. Имате исти планови за иднината. Се разбира, ова не значи и двајцата да сакате исти работи, но вашите патишта треба да се пресекуваат. Врската нема да успее ако тој сака да го пропатува светот, а вие сакате да започнете да живете заедно и да создадете семејство. Ако и двајцата се обидувате да ги приближите своите индивидуални планови едни кон други и создавате големи заеднички, тогаш бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат.
  4. Ве поддржува во сè што правите. Ако тој навистина се грижи за вас, ќе сака секогаш да сте среќни и никогаш нема да ви стои на патот по кој ќе тргнете. Ќе ве поддржува бескомпромисно во вашите намери, дури и кога не се согласува целосно со нив.
  5. Го сакате и покрај неговите недостатоци. Никој не е совршен, па не очекувајте вашиот партнер да биде исклучок од тоа. Прифатете дека тој има свои маани и дека тие се дел од неговата личност. Ако продолжите да го сакате и покрај неговите недостатоци, бидете сигурни дека тоа е вистинска љубов.
  6. Ви дава комплименти кога сте без шминка и без убава облека. Можеби ова ќе ви звучи смешно, но многу е важно тој да ве сака поради она што сте, а не поради изгледот со кој се претставувате пред светот. Ако ви кажува колку сте убава наутро, додека сте во широки пижами, разбушавена и без шминка, тој најверојатно е вљубен во вашата природна убавина.
  7. Вашето семејство и пријателите го одобруваат. Доколку вашиот партнер успее да ја придобие довербата на вашите најблиски кои ви посакуваат сè најдобро, тогаш најверојатно тој го положил и најтешкиот тест. Вие колку и да се обидувате да го оценувате реално, никогаш не можете да бидете објективни како што можат да го направат тоа оние кои што не се „заслепени“ од љубовта.
  8. Ве прави да се чувствувате среќни. Секој човек заслужува да биде среќен и ако вашиот партнер не се обидува да направи да се чувствувате среќни, тогаш не заслужува да бидете во неговите прегратки. Многу е важно човекот кој е до вас да знае да ве насмее и да стави сјај во вашите очи.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6548 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“