7 типа мажи што треба да ги бојкотирате
Почетна » Љубов и секс » Сингл » 7 типа мажи што треба да ги бојкотирате

7 типа мажи што треба да ги бојкотирате

Можеби е возбудливо да излегувате со тип којшто секогаш бара авантура и запаѓа во неволји или со тип којшто шармантно може да ја заведе скоро секоја што ќе посака. Но, секогаш доаѓа момент кога треба да погледнете околу себе и да се запрашате: „Сакам ли да продолжам со него или заслужувам подобро?“.

Маж се слика со фотоапаратИзбегнувајте ги мажите коишто се „заљубени во себе“

Има неколку типа мажи кои не се ни блиску до категоријата „маж од соништата“ и со кои најверојатно нема да издржите во врска ниту 2-3 месеци.

Тип „мамино синче“

Ако меѓу редови кај него читате „мама најубаво готви, пере, чисти“ или пак постојано ви потфрлува „мајка ми ова го прави вака, а не така“, тогаш значи сте налетале на мамино синче. Најчесто ваквите типови живеат со своите родители, често не работат затоа што се разгалени и чекаат позиција на која нема воопшто да се мачат да го креваат прстот и очекуваат партнерката да им биде како робинка. Секогаш кога ќе се соочат со проблем, првиот број што го вртат на телефон е на бројот на мама. Размислете добро дали сакате да останете со ваков тип, затоа што во секој период од неговиот живот, неговата мајка секогаш ќе биде најдобрата и секогаш во право.

Тип „балканец“

Ваквите мажи сметаат дека нивна обврска во домот е само да одат на работа и да донесат пари. А кога ќе се вртат дома, ги креваат нозете пред телевизорот и очекуваат нивната партнерка да трча околу нив и да се грижи за целата куќа. Тие сметаат дека готвењето, чистењето, перењето и сл. се „женски работи“ и никогаш не се мешаат во нив.

Тип „нарцис“

Овој тип мажи најчесто изгледаат убаво, се грижат премногу за својот изглед, ги гледаат со потценување сите околу нив и сметаат дека се најдобри; со неколку збора – „заљубени се во себе“. Маж од ваков тип смета дека може да ја освои секоја жена што ќе посака, па не се грижи многу да ја задржи партнерката која ја има во моментов.

Тип „Дон Жуан“

Шармерите се мажи кои сметаат дека го знаат одговорот на прашањето „што сакаат жените“. Тие употребуваат излитени фрази, се расфрлаат со комплименти и романтични вечери додека нивната „жртва“ не се заплетка во мрежата. А потоа, брзо-брзо бараат нова „жртва“ со цел да покажат дека се посакувани и неодоливи. За нив животот е како театар во кој тие ја имаат главната улога.

Тип „Петар Пан“

Ова се мажи кои вечно сакаат да останат млади во душата. Одбиваат на пораснат и одбиваат да понесат некаква одговорност. Несериозноста е нивна главна карактеристика. Кога и да се обидете да започнете сериозен разговор, тој започнува да кажува „мајтапи“ и секоја ваша реченица умее да ја претвори во шега. За овој тип на мажи може да се рече дека се големи деца.

Тип „играч“

За жал, мажите од овој тип можете да ги најдете на секој чекор. Тој секогаш носи облека од позната марка, има најнов телефон што го истакнува на масата и вози убава кола, без разлика на тоа дали има пари да ја плати киријата или пак сè уште живее со неговите родители. Сите го познаваат по одреден прекар и често околу него има по неколку женски и постојано се фали со „бројката“. На секоја нова девојка ѝ кажува дека таа е поразлична од десетиците со кои бил досега.

Тип „посесивен“

Во оваа група спаѓаат мажите кои се екстремно љубоморни и дури и агресивни. Познати ли ви се прашањата „Каде беше вчера кога ти ѕвонев?“, „Зошто ти се тие пријателки?“ или забелешките како „Не може да излегуваш така облечена“. Тие сметаат дека нивната партнерка е во нивна сопственост и се обидуваат да ја оддалечат од нејзиното семејство или друштво. Ако забележите дека се обидува да ве оддалечи од пријателите, спротивставете се. Доколку треба да се справувате со ваков тип маж, бидете внимателни затоа што често знаат да бидат и агресивни.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 687 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.