6 изговори кои мажите ги користат за да ја прекинат врската
Почетна » Љубов и секс » Сингл » 6 изговори кои мажите ги користат за да ја прекинат врската

6 изговори кои мажите ги користат за да ја прекинат врската

Повредени чувства, скршено срце, солзи – раскинувањата никогаш не се едноставни. Самата помисла на илјадниците објаснувања, расправии, оправдувања и негативни чувства предизвикани од раскинувањата, ги принудува претставниците на машкиот пол да бараат поедноставни начини за разделба.

Сите користиме некакви изговори за полесно да се извлечеме од непријатните ситуации. Но, кога станува збор за користење на клише изговори за раскинување од типот „Не е до тебе, до мене е“ или „Ти заслужуваш подобро“, мажите се лидери. Тие не ги сакаат расправиите, не сакаат да ги повредат женските чувства, ниту пак да ги покажат своите, па секогаш го избираат полесниот начин за да ја соопштат лошата вест. Изговори, изговори. Мажите би кажале сè за да го направат раскинувањето помалку драматично.

Машки изговори за раскинување
1

„Ти заслужуваш подобро“

Најнежниот изговор за раскинување. Тој навидум се жртвува за да ви даде шанса да најдете подобар живот со некој друг. За жал, колку и добро да звучи, тоа е само изговор. Вистината е сосема поинаква – тој не сака да биде со вас (веројатно затоа што смета дека нему би му било подобро со друга).

Најчесто на овој машки изговор му претходат низа комплименти, чија цел е да се оневозможи заземање одбранбен став од понежната страна, кој лесно би можел да резултира со расправија. А, сите знаеме дека мажите не ги сакаат караниците, женските солзи и објаснувањата.

Ако сте биле мета на овој класичен машки изговор, сигурно сè уште се прашувате „Зошто раскина со мене?“ Дури и никогаш да не го добиете одговорот на тоа прашање, треба да знаете само дека тој ви направил услуга. Вие заслужувате човек кој ќе копнее да биде до вас.

2

„Не е до тебе, до мене е“

Честопати најдобриот начин за раскинување е да го ослободиме другиот од целата вина за распаѓањето на врската и да се прогласиме за единствен кривец. Изговорот „Не е до тебе, до мене е“ е унисекс изговор за раскинување. Жените најчесто го користат кога сакаат да стават крај на врската, но не можат да најдат соодветна причина која машкиот мозок би ја разбрал, или затоа што се срамат да го посочат вистинскиот проблем.

Мажите го користат за да ги избегнат расправиите и женските прашања. Тие мразат да објаснуваат, па ова е еден од нивните начини да создадат штит околу себе и да се поштедат од непријатните моменти на раскинувањето. Колку и зрел да е овој чекор, тој никогаш не ја одразува вистинската причина поради која врската се распаднала.

3

„Не сум подготвен за врска“

Овој изговор е толку чест што ако не ви го кажале вам, сигурно ваша пријателка го слушнала додека бившиот ѝ раскинувал. Мажите имаат докажана фобија од обврзување. Кај нив се појавува страв секогаш кога ќе помислат дека целиот живот треба да го поминат само со една жена.

Причината за овој класичен изговор може да е појавата на силни чувства, кои кај дел претставниците на посилниот пол го будат инстинктот за бегство. Мажите ја обожаваат својата слобода. „Не сум подготвен за врска“ во многу случаи и не е изговор, туку реалната причина за иницирањето на раскинување.

4

„Мислам дека е најдобро да бидеме само пријатели“

Многу ретко претставничките на понежниот пол остануваат пријатели со бившиот. Најчесто крајот на врската е крај на добрите пријателски односи меѓу поранешните партнери. И мажите добро го знаат тоа. Поканата за „пријателство“ се користи за да се стави безболен крај, да се прикријат вистинските проблеми, да се избегнат расправиите и да не се повредат чувствата на партнерката.

Овој изговор не само што не ја одразува вистинската причина за крајот на врската, туку и создава лажна илузија кај спротивната страна дека врската некогаш во иднина може да се обнови.

5

„Треба да се фокусирам на кариерата/учењето“

Секој сака да успее во животот и да изгради своја кариера. Но, успехот зависи од способноста да се пронајде баланс во сите сфери на животот. Тајната на здравиот сојуз меѓу два партнера е во енергијата која тие ја вложуваат за тој да се одржи. Дури и најуспешните луѓе не се презафатени за личностите кои им се важни во животот.

Желбата на мажите за целосно посветување на кариерата е само уште еден од класичните изговори. Вистинската мисла во машкиот мозок додека тој ја изговара реченицата „Треба да се посветам на градењето кариера“ или „Имам премногу за учење, немам време за врска“ е „Ти во моментов не ми си приоритет“. Колку и лошо да звучи, тој има позабавни работи за правење – излегување со другарите, пиење, играње игри и сл., а врската е само пречка на неговиот пат.

6

„Потребен ми е простор. Мислам дека треба да направиме пауза“

Најчесто зад желбата за пауза се крие желба за раскинување. Секој има потреба од време за себе, но една здрава врска тешко може да поднесе разделба од неколку седмици, месеци или во најлош случај – години.

Паузата не само што е лош изговор за раскинување, туку и ѝ дава лажна надеж на другата страна дека врската можеби во иднина ќе продолжи од каде што застанала. Со реченицата „Потребен ми е простор“ тој всушност си остава отворена врата во случај да сфати дека згрешил.

И последно... нема изговор. Исчезнува без да остави трага зад себе.

Полека, но сигурно тој исчезнува од вашиот живот. Телефонските повици стануваат сè поретки, средбите речиси и да ги нема и во еден момент тој испарува. Иако се заколна дека ќе се јави, сега ви е јасно дека неговите намери никогаш и не се движеле во таа насока. Ако сте биле мета на вакво машко бегство, вие сами треба да си го измислите изговорот. А причината за неговото бегство, не ја барајте, можеби никогаш нема да ја дознаете.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8605 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.