5 важни совети за љубовната авантура за време на летен одмор
Почетна » Љубов и секс » Сингл » 5 важни совети за љубовната авантура за време на летен одмор

5 важни совети за љубовната авантура за време на летен одмор

Плажа, романтично зајдисонце и летно ветерче кое ги буди сите ваши сетила, а желбата некој да ве прегрне и страсно да ги погали вашите усни со неговите започнува да расте до недоглед. Летото е како создадено за љубов, романса и експериментирање, па не треба да се чудите ако додека сте на летен одмор погледот ви стане попалав, флертот ја изгуби суптилноста, а вашата облека стане позаводлива.

Но, пред да ѝ се предадете на страста и да одговорите на флертувачките погледи на згодниот тип што цела вечер чека „зелено светло“ од вас, добро е да запомните неколку важни работи за летната љубовна авантура. Тие ќе ви помогнат секогаш да се присетувате на летната романса со прикриена насмевка и никогаш да не зажалите за неа.

Љубовна авантура за време на летен одмор
  1. Тоа што се случува на одмор, не останува секогаш таму. Сите сме го слушнале популарниот маркетиншки слоган: „Тоа што се случува во Вегас, останува во Вегас“. Но, не очекувајте во денешно време тоа да важи и за вашата љубовна авантура, без разлика дали сте во нашата држава или во странство. Не правете нешто за кое подоцна ќе жалите или со лице со кое не сакате или не требало да се плеткате. Огромна е веројатноста дека детали од вашата авантура ќе се појават да ве прогонуваат и откако ќе се вратите дома.
  2. Ако барате тајност, технологијата е ваш непријател. Вие можеби сакате романтичната авантура да остане во тајност, но вашиот избраник може да реши да се пофали со фотографии на Facebook. Или пак, ако направите некоја непромислена лудост, некој може да ја овековечи со својот мобилен телефон и сликите повторно да завршат на интернет пред очите на сите ваши пријатели и познаници. Барате тајна авантура? Избегајте од гужвата и сокријте се од блицовите на фотоапаратите. Технологијата може да ве издаде кога најмалку очекувате.
  3. Пријателите се забрането овошје. Замислете си: имате испиено 2-3 чашки повеќе, танцувате со ваш пријател и одненадеж забележувате дека неговиот поглед се променил и има некоја искра во него. Во една таква ситуација, не треба многу за да му се предадете на моментот и да ја заборавите границата на пријателската блискост. За жал, ваквите летни авантури скоро никогаш немаат среќен крај. Откако ќе се вратите дома, ќе ве очекуваат многу непријатни ситуации и средби, а авантурата може да значи крај за вашето пријателство. Најумно е уште на почетокот пријателите да ги ставите во категоријата „Забрането!“ и ако сакате страст, да ја побарате во друга прегратка.
  4. Почитувајте ги вашите стандарди во изборот на партнер. Летниот одмор не е крај на светот. Ако некој ви се допаѓа, тогаш фрлете се во негова прегратка. Но, никогаш не започнувајте љубовна средба само затоа што сте далеку од дома и затоа што со неа ќе ги „зачините“ вашите приказни пред пријателките.
  5. Не бидете „другата“ жена. Кај мажите страста расте заедно со летните температури. Минималната летна облека ги поттикнува нивните фантазии, а тестостеронот го прави своето. Па, многу од нив решаваат дека можат малку повеќе да се опуштат и да влезат во мини љубовна авантура, иако се во врска. Ваша задача е да НЕ паднете во нивната флерт мрежа и да станете „другата“ жена. Сигурно не сакате да имате страсна ноќ која тој може да ја продолжи со друга или наредниот ден да го здогледате рака за рака со неговата девојка. Не мора да влегувате во улогата на детектив, но барем малку запознајте го оној со кого планирате да ја споделите страста за да не ве погоди гром од ведро небо следниот ден.

Кога сте на летен одмор, слушајте го срцето, но не го игнорирајте она што ви го зборува главата.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 20010 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?