Почетна » Љубов и секс » Сингл » 40 лекции за љубовта и врските од лица со статус сингл

40 лекции за љубовта и врските од лица со статус сингл

Секоја неуспешна врска нè учи на скапоцени љубовни лекции и ни помага никогаш повеќе да не ги повторуваме направените грешки. Но, понекогаш добро е да учиме и од грешките на другите.

Овие лекции споделени од сингл жени и мажи можат да ве спасат од многу љубовни маки:

Срце
  1. Ако тој изневерувал со вас, ќе ве изневери и вас. Ако ја изневерил својата претходна девојка со вас, не очекувајте тој одеднаш да стане верен во врската со вас.
  2. Лажговците не се менуваат. Само стануваат подобри во лажењето.
  3. Само затоа што не се карате, не значи дека сте во добра врска.
  4. Насилството не е љубов. Не е важно дали е физичко, психичко или сексуално, тоа не е љубов. Ако боли, не е љубов. Ако бара од вас да се пријавувате што правите секој час од денот, тоа не е љубов. Ако се испијани и се изживува со вас, тоа не е љубов.
  5. Врската не треба да прави да се чувствувате мизерно. Таа треба да ве расположува и да прави да се чувствувате неверојатно.
  6. Ако сте сингл, тоа не значи дека сте осамени. Ако сте во врска, тоа не значи дека сте среќни.
  7. Ако некој ве изневерил, не се мачете да му дадете втора шанса. Довербата никогаш не се враќа.
  8. Понекогаш кога две личности растат заедно, тие може да растат и различно и да прераснат во сосема различни личности и тоа е во ред. Вашиот партнер може да се претвори во различна личност со различни цели од личноста која беше на почетокот на врската. Нема ништо лошо во тоа и нема ништо лошо во тоа да ја прекинете врската поради тоа.
  9. Состанувајте се со некој во кого сте лудо вљубени наместо да влезете во врска, надевајќи се дека чувствата некогаш ќе се појават. Ако привлечноста не постои, не можете да ја создадете насила.
  10. Стравот да останете сами е многу полош одошто навистина да бидете сами.
  11. Никогаш не се задоволувајте со некој кој не ве цени вистински. Никогаш нема да бидете среќни ниту вие, ниту тој. Можете да ја пронајдете љубовта повеќе од еднаш. Заминете си порано.
  12. Не можете да бидете одговорни за туѓата среќа. Можете да помогнете, да пружите поддршка, да направите сè што можете, но не можете да чувствувате одговорност дека треба да усреќувате некого.
  13. Ако ја започнете врската со лажна маска на лицето и криење на делови од себе кои сметате дека нема да му се допаднат на партнерот, паѓате во стапица и никогаш нема да можете да бидете она што сте. Ќе следат солзи. Направете си услуга и уште на почетокот кажете ги нештата кои се плашите да ги признаете.
  14. Неговото ментално здравје не треба да биде изговор за да бидете со него. Понекогаш, едноставно треба да прифатите дека не сте одговорни за туѓото здравје. Не можете да поправите нечие ментално здравје, тоа може да го направи тој самиот.
  15. Луѓето се она што се, не она што вие сакате да бидат. Ако сакате некого и посакувате иднина со него, не значи и дека ќе го спречите да биде токсична личност. Единствената добра опција со токсична личност е да ја држите подалеку од вашиот живот. Дури и кога боли.
  16. Слушајте ја вашата интуиција. Ако нештата не се како што треба, не ги игнорирајте или оправдувајте само затоа што некој го кажува она што сакате да го слушнете.
  17. Сосема е во ред да сакате некого и да го напуштите. Во ред е да знаете дека иако е некој прекрасен, тој не е вистинскиот за вас.
  18. Никогаш не се задоволувајте со второто место.
  19. Не го заборавајте остатокот од светот кога ќе влезете во врска. Бидејќи кога тој ќе замине, вам нема да ви остане ништо.
  20. Не можете да се принудите да сакате некого само затоа што тој вистински ве сака вас.
  21. Две некомплетни личности не можат да бидат комплетен пар. Не можете да му помогнете на некој кој не сака да си помогне себеси. Животот ми стана многу полесен кога престанав да се обидувам да ги спасам сите со кои се состанував.
  22. Стравот од обврзување може да ве натера да ја пропуштите најубавата прилика за среќен живот.
  23. Понекогаш е предоцна. Не е важно колку убаво ви било порано или колку сте сакале врската да функционира. Едноставно е предоцна.
  24. Морате да се сакате себеси повеќе отколку да сакате да бидете во врска.
  25. Ако некој се однесува како да не му е гајле, тоа е затоа што не му е гајле.
  26. Многу е потешко и поистоштувачко да се биде со погрешната личност отколку да се биде сингл.
  27. Не се состанувајте со личност која пие алкохол ако вие не пиете. Никогаш не се вљубувајте во алкохоличар. Секогаш ќе бидете на второ место во неговиот живот.
  28. Нештата никогаш не треба да се мерат во „жртви“.
  29. Никој не се менува поради друга личност, се менува поради себеси.
  30. Не ги земајте луѓето здраво за готово. Не претпоставувајте дека знаат што чувствувате за нив. Кажете им, покажете им.
  31. Ако еднаш ве изневерил, ќе ве изневери пак. Дури и ако не ве изневери, секогаш ќе се плашите дека ќе го направи тоа повторно.
  32. Кога ќе престане да ви вели „Те сакам“, значи дека се откажал од врската.
  33. Постојат зборови кои не можете да ги вратите назад.
  34. Ако сметате дека вие и вашиот партнер ќе бидете посреќни сами, прекинете ја врската. Не останувајте во врска со некој само затоа што не сакате да бидете сами. Никогаш не пролонгирајте врска која знаете дека е завршена.
  35. Ако нешто ви изгледа сомнително, најчесто е.
  36. Ако некој ви каже дека е лоша личност која само ќе те повреди, поверувајте му.
  37. Навистина не треба да се обидувате повторно и повторно со некој со кој не ви успеало многупати претходно и да се надевате дека овој пат ќе биде поинаку. Не дозволувајте надежта за промени да ве води низ годините.
  38. Љубовта не е доволна. Не е важно колку многу се сакате ако правите другиот да се чувствува мизерно. Врските бараат многу труд, трпение и комуникација.
  39. Постојат нешта кои не можете да ги промените. Не можете да поправите сè што е скршено.
  40. Ако стапите во брак со погрешна личност, ќе платите за тоа емоционално, психички, а да, и финансиски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19439 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.