Како да се однесувате на првиот состанок?
Почетна » Љубов и секс » Сингл » Како да се однесувате на првиот состанок?

Како да се однесувате на првиот состанок?

Што да правите на првиот состанок?

Првиот состанок најчесто ве прави да се чувствувате нервозни. Чувствувате притисок дека треба да изгледате најдобро што можете и да се однесувате соодветно.

Прв состанок
На првиот состанок изгледајте најдобро што можете, бидете љубезни и фокусирајте се на него.

А што точно треба да правите, за да оставите убав впечаток? Еве неколку совети:

  1. Изгледајте најдобро што можете. Облечете се убаво, но не претерувајте. Шминката не треба да биде силна. Обидете се да изгледате колку што можете поприродно. Внимавајте косата да ви биде свежа и чиста, ноктите средени и да не употребувате парфем со силна арома.
  2. Бидете љубезни. Смешкајте се, опуштете се и не се плашете да вметнете во разговорот мала доза на хумор. Направете му мал комплимент, но да не делува тоа нападно.
  3. Менувајте ги темите за разговор. Не навлегувајте премногу длабоко во една тема за да не се случи на крајот само вие да си зборувате сами со себе, а тој само да кима со главата. Зборувајте на различни теми за да покажете дека сте сестрана личност со многу познавања.
  4. Поставувајте му прашања, но со мерка. Така ќе му покажете дека се интересирате од тоа што тој ви го зборува. Не дозволувајте тој да се почувствува како да е на испрашување. Чувајте си едно „пополнувачко“, резервно прашање за да го искористите кога ќе имате потешкотии со разговорот. Така ќе ја избегнете непријатната тишина.
  5. Пратете му SMS. Наредното утро пратете му SMS за да му кажете дека си поминавте забавно. Така ќе го поттикнете побрзо да ја организира вашата втора средба.
  6. Фокусирајте се на него. Многу е нељубезно и иритирачки ако постојано ги гледате луѓето околу вас. Не давајте забелешки за другите луѓе. Вниманието посветете му го него. Така тој ќе се почувствува важен и ќе има поголема почит кон вас.
  7. Имајте реални очекувања. Не планирајте ја вашата свадба само ако тој изгледа како модел. Реално оценете сè што тој зборува и што прави или не прави за вас. Не бидете преголеми оптимисти, затоа што разочарувањето може да биде поголемо.

Што не треба да правите на првиот состанок?

Откако дознавте што е најдобро да правите на првиот состанок, сега научете што не треба да правите, за да се претставите во најдобро светло и веднаш да добете покана за наредна средба.

Лош состанок
Првиот впечаток може и да лаже, затоа не брзајте да го оценувате него како „недостоен“ за вас.
  1. Не му откривајте премногу лична информација. Сепак тоа е вашиот прв состанок. Бидете како загатка што тој ќе сака да ја раскрие. На првиот состанок оставете разговорот да тече површно.
  2. Не ја споменувајте темата „бивши“. Ако постојано зборувате за бившиот, тој ќе помисли дека сè уште имате чувства за него и ќе го оддалечите од вас.
  3. Не прибрзувајте со заклучоците. Не го оценувајте уште пред да го запознаете. Дајте му шанса да се запознаете подобро и потоа одлучете дали е вистинскиот за вас. Првиот впечаток знае и да лаже.
  4. Не доцнете. Се разбира дека на жените им е потребно повеќе време за подготовка, особено ако се работи за прв состанок, но тоа можете да го предвидите. Испланирајте си доволно време за да бидете готови на време. Точноста говори многу за карактерот, а вие сигурно не би сакале да го изнервирате со вашето доцнење уште на првиот состанок.
  5. Не пијте многу алкохол. Една или две чаши вино само ќе го подобрат вашето расположение и ќе ве опуштат. Сè што е повеќе од тоа ќе ве расее и ќе влијае врз вашите одлуки.
  6. Не му се предавајте целосно. Иако состанокот ви поминал прекрасно, не дозволувајте веднаш да се најдете во неговиот кревет. Оставете малку мистерија меѓу вас. Така и на двата ќе ви биде поинтересно.
  7. Не се обидувајте да се претставите како нешто што не сте. Ако сте обожавател на поп музиката, не се преправајте дека сте страстен обожавател на рок само и само заради тоа што знаете дека тој би сакал да го чуе тоа. Бидете тоа што сте. Во спротивно тој ќе се разочара на некоја од наредните ваши средби.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9684 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.