Монотонијата е најлошото нешто што може да му се случи на вашиот сексуален живот, затоа што таа е убиец на либидото. За постојано да ја одржувате температурата во спалната блиску до точката на вриење, мора да се ослободите и да преземате иницијативи.
Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе ви ги интензивираат возбудата и желбата за уште поголема интимност:
Многу експерти тврдат дека има одредена област од клиторисот којашто е почувствителна и предизвикува поинтензивни пријатни сензации. Експертите велат дека горниот лев „дел“ на клиторисот е најжешката точка. Па, не чекајте, насочете ја раката на вашиот сакан малку налево.
Прескокнете го длабокото проникнување за да извлечете максимално задоволство од сексот. Секс гуруата тврдат дека надворешната третина од вагината е најчувствителна, па не е неопходно да се обидувате да пронајдете пози за подлабока пенетрација за да имате незаборавен секс. И многу мажи екстремно уживаат во првите моменти од пенетрацијата, што значи дека плитката игра ќе ви ги оствари желбите и на двајцата.
Боите со кои сме опкружени имаат неверојатно влијание врз нашето расположение и емоции. Најсекси боја дефинитивно е црвената. Но, ако избирате нови чаршафи или специјална долна облека, нема да погрешите ако се во виолетова или темно сина боја, како ноќното небо. Најмалку секси е сивата боја.
Колку повеќе го одложувате главниот сексуален акт, толку повеќе ќе го посакувате и толку повеќе ќе уживате во него.
Предлог предигра: еротска приказна од двајца автори. Земете лист хартија и пенкало. Започнете да пишувате еротска приказна. Напишете вие една реченица, па прочитајте ја наглас. Дајте му на вашиот партнер да продолжи и нека прочита и тој наглас. Одолејте му на искушението да ја прекинете приказната за да продолжите со страсни бакнежи, сè додека не напишете имагинативен возбудлив крај.
Додека сте во мисионерска поза, ставете ги нозете над неговите рамена. Ваквата положба го стеснува вагиналниот канал и тој веднаш ќе се почувствува поголем и помоќен внатре во вас.
Лубрикантот не е само за возрасните жени кои влегле во менопауза. Ако пенетрацијата ви предизвикува болка, тогаш не се двоумете дали да употребите лубрикант, затоа што тој ја зголемува влажноста на вагината и создава сензуално искуство и за вас, и за партнерот.
Најголем дел од жените доживуваат зголемување на желбата за секс во периодот околу фазата на овулација (околу 14-тиот ден по започнувањето на менструалното крварење). Природата со тоа нè поттикнува да посакуваме повеќе секс во периодот кога е најголема веројатноста да забремениме. Не заборавајте да користите заштита ако не сте подготвени да станете мајка.
Во реалноста сексот не е целовечерен маратон, како што понекогаш сакаат да ни прикажат филмовите. Не треба да негувате идеи дека нешто не е во ред со вашиот љубовен живот ако вашиот партнер не успева секогаш да ве истошти. Всушност, истражувањата покажуваат дека најпосакуваниот секс трае 7-13 минути.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (11)
Јас би се согласил со точка:1,2,4
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.