• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Секс

5 храни за во спалната

3 септември 2009, 11:19
  • cподели
Жена што јаде банана
Бананите ја покачуваат издржливоста во спалната.

Банани. Ако сакате сексот да трае подолго, тогаш припремете се за предиграта со тоа што ќе изедете една банана. Бананите се одлични за покачување на издржливоста во спалната. Тие содржат витамин Б, кој е потребен за претворањето на јаглехидратите во енергија. Некои експерти тврдат дека бананите помагаат за производството на хормони, како тестостеронот.

Црно чоколадо. Истражување во Италија покажува дека жените кои јадат чоколадо секој ден, имаат позадоволен сексуален живот. Чоколадото го предизвикува производството на ендорфини, од кои ни се подобрува расположението. Ако се плашите дека чоколадото ќе ја наруши вашата линија, каснувајте само неколку коцки после вечера, но не претерувајте.

Целер. Дајте му на вашиот партнер неколку стапчиња целер и ќе се изненадите колку привлечен наеднаш ќе стане. Суровиот целер содржи машки хормони – андростерон, кои ги привлекуваат жените. Само по неколку залаци неговото тело ќе започне да испушта феромони. Ако вие не се чувствувате расположени каснете целер. Тој го подобрува расположението кај жените.

Ѓумбир. Овој моќен корен ја стимулира циркулацијата на крвта и со тоа поголемо количество крв оди во гениталиите. Вдишувањето на мирисот на ѓумбир помага многу повеќе за зголемување на потокот на крв кон гениталиите, отколку јадењето на ѓумбир.

Мед. Медот содржи прости јаглехидрати кои го снабдуваат телото со енергија и ги хранат мускулите. Исто така медот содржи и витамин Б, кој е потребен за производството на тестостерон.

Tags
секс
храна за секс

Најнови

  • Ребека и Маркијан

    „Среќна 20-ка дете љубов“: Мајката на Ребека емотивна на јубилејниот роденден на Маркијан

    Sun, 11/08/2026 - 23:55
  • „Доктор нечовечки нѐ избрка со зборовите: Од ова дете не бидува ништо, ќе биде билка“: Зорица Трајков за синот со церебрална парализа

    Sun, 11/08/2026 - 22:00
  • „Препрепрегорда“: Лена со дечкото Вукашин го проследи концертот на мајка си Гоца Тржан во Белград

    Sun, 11/08/2026 - 21:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.