10 совети за возбудлива предигра
Почетна » Љубов и секс » Секс » 10 совети за возбудлива предигра

10 совети за возбудлива предигра

Сексуалниот живот не треба да биде рутина. Тој треба да биде возбудлив и интересен, за двата партнери секогаш со нетрпение да ја чекаат нивната наредна средба под чаршафите.

И мажите и жените понекогаш мечтаат за секс на брзина, но нема ништо подобро од долга вечер помината во страсни прегратки и бакнежи. Водењето љубов е многу повеќе од самиот сексуален акт. Во него се вклучени сите сетила и координирано работат за да достават врвно задоволство и страст.

Вистинското водење на љубов започнува со предигра. Предиграта е креатор на сексуалната енергија. Затоа, резервирајте си ја цела ноќ и применете дел или сите од следните „техники“ за преигра.

ПредиграПредиграПредиграПредиграПредиграПредиграПредиграПредиграПредиграПредигра

Започнете уште пред почетокот

Предизвикувајте го уште пред да се сретнете. Пратете му недовршена SMS порака од типот „Со нетрпение чекам вечер да...“ или „Кога ќе се видиме прво ќе...“ или „Обожавам кога ме...“.

Ако сте похрабри, можете да сликате дел од долната облека што планирате да ја носите вечерта и да му ја пратите заедно со порака „Мислиш ли дека ќе ми стои?“.

Мажите имаат бујна фантазија. Нестрпливоста да дојде вечерта ќе го полуди.

Мали допири во јавност

Мажите исто како и жените сакаат да знаат дека се посакувани и дека копнеете за нив. Додека сте на јавно место како во кино, можете со раката „ненамерно“ да го допрете.

Не се знае дали ќе може да дочека додека да дојдете дома за да тргне кон вас со страсни бакнежи.

Врзете му ги рацете

Земете нежно шалче или извадете ги своите секси чорапи за да му ги врзете лабаво рацете. Започнете заводливо да го бакнувате на местата кои знаете дека му се ерогени зони.

Верувајте, нема да успее долго да остане заврзан.

Еротска масажа

Купете масло за масажа, запалете свеќи и покажете дека не треба да сте професионалка за да направите убава масажа.

Масажата ќе го опушти партнерот, но и вас, додека со бавно темпо го истражувате неговото тело.

Предигра под туш

Бакнувањето под туш е многу сензуално. Самиот факт што ќе бидете целосно голи, ќе придонесе доволно за да ја зголемите возбудата.

На крајот, ем ќе бидете желни еден за друг, ем нема да мора да се грижите за хигиената.

Однесете храна во спалната

Јаготки со пена, чоколаден прелив, сладолед, грозје, мед со лешници.... Изберете било што и однесете го во спалната.

Хранете се еден со друг. Мал секси пикник може да направи чуда.

Интимен танц само за него

Не треба да ви кажуваме дека заводливиот танц ќе го полуди. Вистината е дека и вие ќе си ја зголемите самодовербата кога во неговите очи ќе видите колку ве посакува.

„Слепа“ игра

Врзете шарпа или шалче преку вашите очи и оставете го да ве води. Секој негов потег ќе биде изненадување за вас, а тоа ќе ви донесе неверојатно задоволство.

Се разбира, може и да си ги замените улогите.

Игра на улоги

Не е новост дека влегувањето во улоги носи нов бран на забава и возбуда во сексуалниот живот. Ако не сте подготвени да облечете кратко мини здолниште и кошула за да глумите „непослушна ученичка“, едноставно договорете се со вашиот сакан да се сретнете во ресторан или кафуле.

Глумете дека сте странци и дека не се познавате. Иако и двајцата ќе знаете каде и како ќе завршите, тоа ќе ја разбуди и вашата фантазија.

Играјте „пали-гаси“

Предиграта треба да биде забавна и не треба да заврши веднаш. Задевајте го својот партнер. Возбудете го многу и потоа за момент повлечете се.

Тоа ќе ги зголеми неговите очекувања и со тоа ќе му подарите поголемо задоволство кога ќе го достигне врвот.

Бидете инвентивни, препуштете ѝ се на фантазијата и внесете свои оригинални идеи во предиграта. Најважно е да не брзате. Сепак, водењето на љубов е уметност.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3903 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.